Превенција на инфлуенца кај возрасни и деца на возраст од една година и постари

Превенција на инфлуенца кај возрасни и деца на возраст од една година и постари 

Возрасни и адолесценти

Препорачана перорална доза на Tamiflu за превенција од инфлуенца, после близок контакт со инфицирана индивидуа е 75 mg oseltamivir еднаш дневно, во период од 10 дена. Терапијата треба да се започне во период од два дена после контактот со инфицираната индивидуа. Препорачана доза за превенција од инфлуенца за време на епидемија во пошироки размери е 75 mg oseltamivir еднаш дневно. Безбедноста и ефикасноста е демонстрирана за период од 6 недели. Заштитата трае се додека се трае дозирањето.

Деца на возраст од една година и постари

Деца со телесна тежина над 40 kg, кои се во состојба да голтаат капсули, можат да бидат третирани за превенција со капсула од 75 mg еднаш на ден или една капсула од 30 mg плус една капсула од 45 mg на ден, во период од 10 дена како алтернатива на препорачаната доза на Tamiflu суспензија. 

Препорачана перорална доза на Tamiflu за превенција кај деца од една година или постари е:

телесна тежина препорачана доза за 10 дена
≤ 15 kg  30 mg еднаш на ден
>15 до 23 kg  45 mg еднаш на ден
> 23 до 40 kg  60 mg еднаш на ден
> 40 kg  75 mg еднаш на ден

Начин на употреба

Tamiflu може да се администрира со или без храна. Сепак, кога Tamiflu се зема со храна може да се подобри толеранцијата кон Tamiflu кај некои пациенти.

Tamiflu 30 mg, цврсти капсули.

Tamiflu 45 mg, цврсти капсули.

Tamiflu 75 mg, цврсти капсули.

 

За дa го погледнете вкупниот збирен извештај за особините на лекот кликнете тука.

Контактирајте го Одделот за медицински информации 

на РОШ Македонија ДООЕЛ Скопје доколку имате потреба од медицински информации на телефонскиот број 02/3103-500, факс 02/3103-524 или преку e-mail адреса  macedonia.medinfo@roche.com.