Tecentriq®  (atezolizumab) во третман на напреден или иноперабилен хепатоцелуларен карцином 

 

Tecentriq во комбинација со AVASTIN (bevacizumab) е индициран за третман на возрасни пациенти со напреднaт или иноперабилен хепатоцелуларен карцином, кои претходно не примале системска терапија

Дозирање и начин на употреба:

Препорачаната доза на Tecentriq е 1200 mg администрирана како интравенска инфузија, по што следи доза на AVASTIN 15 mg/kg на телесна тежина, исто така администрирана како интравенска инфузија, на секои 3 недели.

tecentriq

q3w, на секои три недели.

Инфузиите не смеат да се администрираат како брза или болусна интравенска инфузија.

Доколку се пропушти планираната доза на лекот Tecentriq, истата треба да се администрира што е можно побрзо, со цел да се одржи интервалот помеѓу дозите. Не се препорачува намалување на дозата на лекот Tecentriq.

Почетната доза на лекот Tecentriq треба да се администрира во времетраење од 60 минути. Ако пациентот добро ја поднесе првата инфузија, сите следни инфузии може да се администрираат во времетраење од 30 минути.

 

 Овој лек подлежи на дополнителен мониторинг кој ќе допринесе за идентификација на нови информации за безбедноста на лекот. Здравствените работници се замолуваат да ги пријавуваат сите сомнителни несакани реакции. 

 

За да го погледнете Збирниот извештај за особините на лекот Tecentriq од 1200 mg кликнете тука.

Контактирајте го Одделот за медицински информации 

на РОШ Македонија ДООЕЛ Скопје доколку имате потреба од медицински информации на телефонскиот број 02/3103-500, факс 02/3103-524 или преку e-mail адреса  [email protected].