Tecentriq®  (atezolizumab) во третман на ситноклеточен карцином на бели дробови

 

Tecentriq во комбинација со carboplatin и etoposide е индициран за прволиниски третман на возрасни пациенти со ситно клеточен карцином на бели дробови во напредна фаза.

Дозирање и начин на употреба:

За време на фазата на индукција, препорачаната доза на Tecentriq е 1200 mg администрирани како интравенска инфузија, по што следува carboplatin, а потоа etoposide администрирани како интравенска инфузија на првиот ден. Etoposide како интравенска инфузија се администрира и на ден 2. и 3. Режимот се администрира на секои три недели во времетраење од четири циклуси. По фазата на индукција следува фаза на одржување без хемотерапија во која на секои три недели се администрираат 1200 mg од лекот Tecentriq во форма на интравенска инфузија.

tecentriq

Инфузиите не смеат да се администрираат како брза или болусна интравенска инфузија.

Доколку се пропушти планираната доза на лекот Tecentriq, истата треба да се администрира што е можно побрзо, со цел да се одржи интервалот помеѓу дозите. Не се препорачува намалување на дозата на лекот Tecentriq.

Почетната доза на лекот Tecentriq треба да се администрира во времетраење од 60 минути. Ако пациентот добро ја поднесе првата инфузија, сите следни инфузии може да се администрираат во времетраење од 30 минути.

 

 Овој лек подлежи на дополнителен мониторинг кој ќе допринесе за идентификација на нови информации за безбедноста на лекот. Здравствените работници се замолуваат да ги пријавуваат сите сомнителни несакани реакции. 

 

За да го погледнете Збирниот извештај за особините на лекот Tecentriq од 1200 mg кликнете тука.

Контактирајте го Одделот за медицински информации 

на РОШ Македонија ДООЕЛ Скопје доколку имате потреба од медицински информации на телефонскиот број 02/3103-500, факс 02/3103-524 или преку e-mail адреса  [email protected].