Неуромиелитис оптика спектар на нарушувања (анг. neuromyelitis optica spectrum of disorders, NMOSD) е ретка, доживотна и изнемоштувачка автоимуна болест на централниот нервен систем (ЦНС), од која боледуваат само неколку стотици илјади луѓе ширум светот.


Болеста примарно ги оштетува оптичкиот нерв и 'рбетниот мозок кое може да предизвика слепило, мускулна слабост и парализа. Најчесто се јавува во најдобрите години од животот, помеѓу 30-тите и 40-тите години. Кај оваа болест, имунолошкиот систем погрешно го напаѓа здравото ткиво на ЦНС, оптичкиот нерв и 'рбетниот мозок. Точната причина останува непозната.

Иако повеќето случаи на неуромиелитис оптика спектар на нарушувања може да се откријат со дијагностички тестови, пациентите честопати се дијагностицираат погрешно како мултипла склероза токму поради сличноста, вклучувајќи ја и нејзината повисока инциденца кај жени, симптомите и фактот дека станува збор за болест заснована на релапси.


Влијание и иднината на неуромиелитис оптика

Неуромиелитис оптика е прогресивна болест, што значи дека симптомите продолжуваат да се развиваат со секој релапс, честопати инвалидизирајќи ги луѓето. Дознајте повеќе за клучните факти и статистичките податоци за да разбереме повеќе за NMOSD, неговото влијание и зошто Рош е посветен на луѓето со оваа болест.

Во моментов не постои лек за NMOSD, но ние спроведуваме широко истражување за да помогнеме да се обезбеди иновативен и ефикасен метод за лекување на пациентите со NMOSD кој има за цел да се подобрат животите на оние што живеат со оваа болест. Нашата филозофија во Рош е едноставна: ја следиме науката за да го зачуваме она што ги прави луѓето уникатни.

Ние сме оптимисти. За прв пат во историјата, имаме алатки, технологија и научно знаење за кои веруваме дека ќе доведат до нови видови лекови кои можат да ги променат болестите како што е NMOSD. Ние сме посветени на застапување на предизвиците во неврологијата со иста желба, страст и сериозност како и во онкологијата.