Биомаркери во имунотерапија


Имунолошкиот систем го штити телото од рак испраќајќи Т-клетки да ги нападнат и уништат клетките на ракот. Сепак, понекогаш клетките на ракот произведуваат протеин наречен лиганд 1 на програмирана смрт или PD-L1 (анг. Programmed Death-Ligand 1), кој го инхибира имунолошкиот систем и им помага на клетките на ракот да избегнат откривање и уништување.1,2
PD-L1 PD-L1 функционира како „знак за запирање“ што ги деактивира Т-клетките. Блокирање на PD-L1 е еден од начините кој може да спречи деактивирање на Т-клетките во микросредината на ракот, каде што се јавува раст и интеракција со други клетки.2,3



Како што ракот расте и се шири, многу други клетки влегуваат во неговата микросредина.
Овие клетки честопати се нарекуваат „тумор инфилтрирани клетки“ и тие исто така можат да имаат одредена експресија на PD-L1.1,2,5-7


Улогата на PD-L1 на туморските клетки и на тумор инфилтрираните клетки е сè уште предмет на истражувања
Клиничките студии испитуваат дали мерењето на експресијата на PD-L1 на туморските клетки и тумор инфилтрираните клетки може да помогне во предвидување на ефикасноста на одредени лекови или дали мерењето на експресијата на PD-L1 на тумор инфилтрираните клетки е доволно за истата работа.8,9

Референци:
1. Chen DS, Mellman I. Immunity. 2013. 39:1-10
2. Chen DS, et al. Clin Cancer Res. 2012. 18:6580-6587
3. Keir ME, et al. Annu Rev Immunol. 2008. 26:677-704
4. Quezada SA, Peggs KS. Br J Cancer. 2013. 108:1560-1565
5. Data on file, Genentech
6. Pardoll DM. Nat Rev Cancer. 2012. 12:252-264
7. Sharma P, et al. Proc Natl Acad Sci USA. 2007. 104:3967-3972
8. Herbst RS, et al. Nature. 2014. 515:563-567
9. Powles T, et al. Nature. 2014. 515:558-562