Melanoma Heroes: Be a Hero

Биди Меланома херој

Запознајте ги нашите Меланома херои. Тие се нормални луѓе кои живеат нормален живот. Некои од нив се пациенти, кои храбро се борат за да ги надминат предизвиците кои им ги носи болеста. Другите, ги поддржуваат оние кои страдаат од оваа болест и прават огромни чекори за превенција на оваа болест или го предводат процесот на пронаоѓање на лек.

Товарот кој доаѓа со меланомот

230,000

Ракот на кожа е еден од најчестите типови на рак; годишно, повеќе од 232.000 лица се дијагностицираат со оваа болест.1

На секои 53 минути по едно лице го губи животот како последица од меланом.2

90%

90% од овие случаи можат да се спречат.3

Melanoma Heroes: Be a Hero

Биди Херој

Кликнете на секоја од групите подолу за да откриете со колку едноставни и практични работи можете да направите разлика.

Пациенти и лица кои се грижат за нив

Истражувачи и доктори

Превенција - Хероите се заштитуваат себеси и ги заштитуваат луѓето околу себе

  • Protect

    Се заштитуваат

    Нанесуваат крема за сончање, дури и во денови кога нема сонце - UV зраците се секогаш присутни!

  • Cover up

    Се облекуваат

    Сончевите зраци се најсилни помеѓу 10 часот наутро и 2 часот попладне. Ако хероите излегуваат надвор во овој период, носат облека со долги ракави, наочари за сонце и капа.

  • Educate

    Едуцираат

    Хероите добро знаат за АБГДЕ (асиметрија, боја, граница, дијаметар и еволуција на бемка) и ги учат останатите за овие знаци со кои може да се забележи меланомот. Тие исто така си прават проверка на кожата секој месец.

Поддршка - Хероите даваат се од себе за да им помогнат на лицата кои боледуваат од рак

  • Listen

    Слушаат

    Хероите се главна поддршка за своите сакани после откривање на меланомот - ги придружуваат за време на лекарските контроли и се тука за нив во тек на целиот третман на болеста.

  • Hope and strength

    Надеж и сила

    Тие се грижат, слушаат и се сила на која што може да се потпреш. Пациентите се најсилните херои, кои го прифаќаат секој ден и никогаш не забораваат што е најважно.

  • Share

    Споделуваат

    Хероите ја поддржуваат заедницата со тоа што ја зголемуваат свеста за оваа болест и пружаат рака кон другите лица кои се справуваат со меланомот.

Го предводат процесот на пронаоѓање на лек - Хероите пронаоѓаат решенија кои го продолжуваат животот и спасуваат животи

  • Innovate

    Размислуваат иновативно

    Хероите вредно работат во процесот на истражување и клиничко развивање, со надеж дека ќе пронајдат врвни научни откритија.

  • Care

    Се грижат

    Хероите работат за да го подобрат животот на лицата со рак - обезбедуваат ефективни и безбедни стратегии за третман.

  • Collaborate

    Соработуваат

    Истражувачите, лекарите, пациентските организации и други лица вклучени во оваа индустрија, работат заедно за да овозможат побрз пристап до иновативните терапии за пациентите.

И ти можеш да бидеш Херој!

Користи го хаштагот #MelanomaHeroes и раскажи ни што правиш за да бидеш Херој.

Референци