Клиничка слика

Анемијата е честа и добро позната последица на хроничната бубрежна болест. Таа често се јавува рано, во првите стадиуми на хроничната бубрежна болест, но станува очигледна како што болеста напредува. Пациентите најчесто стануваат анемични во 3 или 4 стадиум на хроничната бубрежна болест, а е присутна кај повеќето од пациентите со стадиум 5. Со опаѓање на функцијата на бубрезите тие не можат да произведат доволни количини на хормонот еритропоетин кој е неопходен за продукцијата на црвените крвни зрнца, па затоа нивниот број е намален.1 Поради тоа, тие немаат доволен капацитет да го пренесуваат кислородот од белите дробови во сите органи на нашето тело и се јавуваат симптомите на анемијата која има негативно влијание кај скоро сите органи во организмот, но и на квалитетот на живот.

Симптоми кои директно влијаат на квалитетот на живот кај пациентите со ренална анемија се:

  • замор;
  • слабост;
  • намалена сексуална функција;
  • намалена способност за вежбање.2-9

Влијание врз кардиоваскуларниот систем:

Кардиоваскуларните болести се многу почести кај болните со хронична бубрежна болест отколку кај општата популација и се среќаваат дури кај 40% од овие болни.3-5,10 Тие се најчеста причина за смртта поврзана со хроничната бубрежна болест.11
Реналната анемија придонесува за развој на кардиоваскуларните заболувања бидејќи го оптоварува срцето да работи посилно од вообичаено, за да стигне кислородот до сите органи.

Референци:

  1. Nangaku M, Eckardt KU. Pathogenesis of renal anemia. Semin Nephrol. 2006;26:261–268.
  2. Chockalingam A, Campbell NR, Fodor JG. Worldwide epidemic of hypertension. Can J Cardiol. 2006;22:553-555.
  3. Collins A, Ellefson J. Association between hematocrit level and mortality in hemodialysis patients: case study of the anemic patient. Nephrol Nursing J. 2000;27:233-236.
  4. Foley RN, Parfrey PS, Kent GM, at al. Serial change in echocardiographic parameters and cardiac failure in the end-stage renal disease. J Am Soc Nephrol. 2000;11:912-916.
  5. Murphy ST, Parfrey PS. The impact of anemia correction on cardiovascular disease in end-stage renal disease. Semin Nephrol. 2000;20:350-355.
  6. Silverberg D. Outcomes of anemia management in renal insufficiency and cardiac disease. Nephrol Dial Transplant. 2003;18:ii7-ii12.
  7. Moreno F, Sanz-Guajardo D, Lopez-Gomez JM, et al. Increasing the hematocrit has a beneficial effect on quality of life and is safe in selected hemodialysis patients. J Am Soc Nephrol. 2000;11:335-342.
  8. Perlman RL, Finkelstein FO, Liu L, et al. Quality of life in chronic kidney disease (CKD): a cross-sectional analysis in the renal research institute-CKD study. Am J Kidney Dis. 2005;24:658-666
  9. Weiner DE, Tighiouart H, Vlagopoulos PT, et al. Effects of anemia and left ventricular hypertrophy on cardiovascular disease in patients with chronic kidney disease. J Am Soc Nephrol. 2005;16:1803-1810. 
  10. Liu H-L, Huang J-J, Guo H-R, Wang M-C, Sung J-M. Severe anemia in new end-stage renal disease patients. Dial Transplant. 2002;31:763-77.
  11. Levin A. Prevalence of cardiovascular damage in early renal disease. Nephrol Dial Transplant. 2001;16:7-11.