Лекување

Реналната анемија го зголемува ризикот за несакани настани како што се прогресија на хроничната бубрежна болест, кардиоваскуларните заболувања, хоспитализации следени со намален квалитет на живот па дури и смрт.

Поради тоа, болните со хронична бубрежна болест треба внимателно да се следат, а анемијата правовремено да се лекува. 

Кај болните со хронична бубрежна болест анемијата најчесто е последица на намалената продукција на хормонот еритропоетин бидејќи се оштетени клетките во бубрезите кои него го произведуваат. Со тоа се намалува продукцијата на црвените крвни клетки и не може да се задоволат потребите на организмот за кислород.1  Поради тоа, анемијата поврзана со хроничната бубрежна болест може да се лечи со супстанца добиена во лабораториски услови, слична на хормонот еритропоетин кој го лачат здравите бубрези. 

Револуција во терапијата на реналната анемија настанала во 1980 година. Со рекомбинантен генетски инженеринг е создаден облик на еритропоетин (rHuEPO), а денес веќе постои и синтетски добиен methoxy polyethylene glycol-epoetin beta кои со едно име се нарекуваат ЕСА (еритропоетин стимулирачки агенси). Пред нивното воведување, анемијата се лекувала само со чести трансфузии на крв кои претставувале голем ризик за развој на компликации како што се предозираност со железо, реакции на инкомпатибилност како и добивање на инфекции кои се пренесуваат преку крв (хепатит Б, хепатит Ц и др.).2,3

Референци

  1. Nangaku M, Eckardt KU. Pathogenesis of renal anemia. Semin Nephrol. 2006;26:261–268.
  2. McClellan W, Aronoff SL, Bolton WK, Hood S, Lorber DL, Tang KL, Tse TF, Wasserman B, Leiserowitz M.The prevalence of anemia in patients with chronic kidney disease. Curr Med Res Opin. 2004;20:1501–1510.
  3. Hsu C-Y, McCulloch CE, Curhan GC. Epidemiology of anemia associated with chronic renal insufficiency among adults in the United States: results from the Third National Health and Nutrition Examination Survey.J Am Soc Nephrol. 2002;13:504–510.