Преддијализа

Хроничната бубрежна болест се развива бавно, а поизразените симптоми кај пациентите најчесто се јавуваат доцна, во последниот стадиум, кога веќе би била потребна бубрежна заместителна терапија која значително го менува животниот стил на пациентот, но го обременува и здравствениот систем на државата.
Симптоми кои најчесто ги чувствуваат пациентите со хронична бубрежна болест се:1
- замор и помалку енергија за извршување на секојдневните активности;
- потешко концентрирање;
- намален апетит;
- несоница;
- грчеви во мускулите;
- отоци во нозете и зглобовите;
- отоци околу очите, особено наутро;
- сувост и чешање на кожата;
- потреба за често уринирање, особено ноќе.
Хронична бубрежна болест може да добие секој и на која било возраст, но сепак зголемен ризик за развој на ова зболување имаат:
- болните со дијабетес;
- со висок крвен притисок;
- со историја на хронична бубрежна болест во фамилијата и
- постарите лица.
Хроничната бубрежна болест и анемијата поврзана со неа како една од најчестите компликации може да се откријат уште во раните стадиуми со едноставни рутински тестови кај ризичните групи.
Раната дијагноза и раното започнување на третманот на анемијата е особено значајна за спречување на прогресијата на кардиоваскуларните оштетувања, редукција на хоспитализациите и смртноста.2
Референци
- National Kidney Foundation. http://www.kidney.org/kidneyDisease/ckd/index.cfm. пристапено на 03.10.2014 год.
- Gouva C, Nikolopoulos P, Ioannidis JP, Siamopoulos KC. Treating anaemia early in renal failure patients slows the decline of renal function: a randomized controlled trial. Kidney Intl. 2004;66:753–60.