Светски ден на хемофилија 

Светскиот ден на хемофилија е меѓународен ден за подигнување на свеста за хемофилија и други нарушувања на коагулацијата. Се одржува секоја година на 17. април, на роденденот на Френк Шнабел, основач на Светската федерација за хемофилија.


Почнувајќи од 1989 година, Светскиот ден на хемофилија е денот кога целата заедница на хемофиличари се собира заедно за да ги прослави континуираните достигнувања во лекувањето, а истовремено да ја подигне свеста и да го зголеми разбирањето и вниманието за прашања поврзани со соодветна грижа за пошироката јавност.

Овогодинешната темата на Светскиот ден на хемофилија е „Reaching Out". Ова се толкува како можност да се допре до што повеќе лица со цел да се овозможи подобра комуникација/разговор меѓу лицата со хемофилија и здравствените работници.

Мото на Светски ден на хемофилија

Хемофилија е сериозно, наследно нарушување на коагулацијата каде што крвта на пациентот не коагулира соодветно, доведувајќи до тешки случаи на неконтролирано крварење, спонтано или после лесна повреда. Лицата со хемофилија може нема да крварат повеќе или побрзо од лицата без хемофилија, но тие крварат подолго времe.1 Повторувачките крварења можат да доведат до тешки пореметувања особено во зглобовите.

Повеќе за хемофилија

Референци:

  1. Canadian Hemophilia Society. What is hemophilia? 2016. Достапно на:  http://www.hemophilia.ca/en/bleeding-disorders/hemophilia-a-and-b/what-is-hemophilia/. Пристапено на: јуни 2016.