Дефиниција на ХЛЛ

Хронична лимфоцитна леукемија е најчеста форма на леукемија кај возрасни лица, и претставува околу 25-30% од сите форми на леукемија.1,2 Инциденцата на ХЛЛ во западните земји е околу 2-4 случаи на 100.000 лица и е два пати почеста кај мажите наспроти жените. Секоја година во Европа, се дијагностицираат околу 20.000 нови случаи и 13.000 смртни случаи.3,4

ХЛЛ се смета за индолентна болест - што значи дека бавно напредува и во главно ги напаѓа постарите лица. Скоро 70% од пациентите се на возраст поголема од 65 години при поставување на дијагноза, а средната возраст се верува дека е околу 70 години. Околу 46% од пациентите имаат пропратни заболувања (коморбидитети).5 Сето ова го прави третманот на ХЛЛ уште покомплексен. Кај некои пациенти, ХЛЛ може да има спор тек без скратување на очекуваното траење на живот, додека кај други болеста може да напредува многу брзо и агресивно со преживување од само неколку години или месеци после поставување на дијагноза. 

Референци:

  1. Goede V, et al. Obinutuzumab plus chlorambucil in patients with CLL and coexisting conditions NEJM 2014;370:1101-1110 DOI:10.1056/NEJMoa1313984.
  2. Lamanna N et al. Chronic Lymphocytic Leukemia and Hairy-Cell Leukemia. Cancer Management. Достапно на: http://www.cancernetwork.com/cancer-management/chronic-lymphocytic-leukemia-and-hairy-cell-leukemia. Пристапено на 05.02.2015 год.
  3. Ferlay J, et al. Cancer incidence and mortality patterns in Europe: estimates for 40 countries in 2012 Eur J Cancer2013;49(6):1374-403. DOI: 10.1016/j.ejca.2012.12.027.
  4. GLOBOCAN Europe (2012) Estimate cancer incidence, all ages: both sexes Достапно на:http://globocan.iarc.fr/old/summary_table_pophtml.asp?selection=62968&title=Europe&sex=0&type=0&window=1&sort=0&submit=%C2%A0Execute. Пристапено на 05.02.2015 год.
  5. Satram-Hoang, S et al (2014). Treatment practice in the elderly patient with chronic lymphocytic leukemia – analysis of the combined SEER and Medicare database. Annals of Hematology, 93(8): 1335-1344. Достапно на: http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC4082137/. Пристапено на 27.10.2015 год.