Дијагноза на ХЛЛ

Дијагнозата на ХЛЛ се поставува преку земање на периферна крв и нејзино анализирање (одредување на број на одредени клетки во крвта). Кај ХЛЛ е зголемен бројот на лимфоцити во крвта (повеќе од 5 х 109/l). Можно е да има потреба од дополнителни тестови: аспирација на клетки со специјална игла од коскена срцевина од градната коска (стернум) или карличната коска за дополнителни лабораториски анализи; рентгенско снимање на граден кош, биопсија на лимфен јазол.

Одредување на стадиум на болеста

Освен поставување на дијагноза и лекувањето на ХЛЛ претставува сложена задача. За донесување на правилна одлука за избор на терапија најважно е да се одреди степенот на проширеност (стадиум) на болеста, односно зафатеност на другите органи освен лимфните јазли, општата состојба на пациентот и присуство на симптоми. Стадиумот на болеста при поставување на дијагноза истотака е многу значаен во одредување на прогнозата на болеста. Најчесто се применуваат клиничките класификации по Rai и Binet. 

 

Клиничка класификација Binet at al., 1981

Стадиум

карактеристики

А

лимфоцитоза, помалку од 3 регии на зголемено лимфно ткиво

В

3 или повеќе регии на зголемено лимфно ткиво

С

присутна анемија и/или тромбоцитопенија