Причини за ХЛЛ

Причините за настанување на хронична лимфоцитна леукемија (ХЛЛ) во голема мера се непознати. Сепак, истражувањата се фокусирани на некои фактори кои можат да придонесат кон развој на малигнитети, вклучувајќи генетски фактори, нарушен имун систем, изложеност на некои хемикалии и вируси (HIV, EBV, HCV). Научниците досега утврдиле дека ХЛЛ се среќава почесто кај мажите отколку кај жените и почесто кај белата популација отколку кај азијатите, но сепак точните причини за ова сеуште не се јасни.