Симптоми на ХЛЛ

Хроничната лимфоџитна леукемија (ХЛЛ) е скриена болест и 25-50% од пациентите со ХЛЛ се без знаци и симптоми при поставување на дијагноза.1

Кај некои пациенти можно е да се појават следниве неспецифични симптоми:2

  • Зголемени безболни лимфни јазли на вратот, под пазувите, абдоменот и препоните
  • Повторувачки инфекции, поврзани со намален имунитет
  • Необјаснето намалување на телесната тежина
  • Треска
  • Ноќно потење
  • Прекумерен замор
  • Чувство за исполнетост во пределот на абдомен (обично како резултат на зголемена слезина)

Бидејќи голем број пациенти со ХЛЛ не чувствуваат никакви симптоми, или ги поврзуваат со симптоми на некои други секојдневни болести, откривањето на ХЛЛ е често случајно. Ова значи дека пациентите се чувствуваат добро и здраво но рутинската проверка на крв, како дел од регуларната здравствена проверка, ќе открие дека тие ја имаат болеста.

 

Референци:

  1. ARUP Laboratories (2011) Clinical Presentation. Chronic Lymphocytic Leukemia – CLL. Достапно на: http://www.arupconsult.com/Topics/ CLL.html. Пристапено на 22.02.2012 год.
  2. Bupa (2011) Chronic lymphocytic leukaemia: Symptoms of chronic lymphocytic leukaemia. Достапно на: www.bupa.co.uk/individuals/health-information/diretory/c/chronic-leukaemia. Пристапено на 20.02.2012 год.