Roche - предводник и лидер во онкологијата повеќе од 50 години

Roche препознава дека здравствената заштита на пациентите е заедничка одговорност и дека лековите се само еден дел од здравствената заштита.

Иновацијата е наш одговор на предизвикот во медицината.

Улогата на Roche е да истражува, да открива, да развива и да создава иновативни лекови кои ќе ги задоволат највисоките критериуми за одобрување на здравствените регулативни тела.


Нашата секојдневна работа се состои во спасување на пациентите и помагање на милиони луѓе низ целиот свет. Непрекинато инвестираме во истражувања и развој во медицината со цел да пронајдеме нови лекови и дијагностички производи за болести како што е ракот.

Препознавајќи ја незадоволената потреба за современи и за ефикасни терапевтски решенија, Roche пред повеќе од 50 години со пионерски чекори го почна својот пат во областа на онколошките лекови. Тоа биле големи исчекори во идната мисија и стратешката определба на Roche, што докажува уште една годишнина: поминаа и 15 години од првите моноклонални антитела произведени во Roche, кои ја започнаа револуцијата во онкологијата.

Roche го започна својот развој и го поттикна развојот на онколошки лекови во фармацевтската индустрија во 1962 година со регистрирањето на првиот рационално дизајниран хемотераписки лек за рак, 5-Fluorouracil. Овој лек сè уште е основа во третманот на пациентите со рак. 


Лековите на Roche им помагаат на луѓето со 10 различни вида рак да ја одржуваат болеста под контрола и во одредени случаи да живеат подолго. 

Како на пример при:1

Карцином на дојка

На жените со HER2 позитивен карцином на дојка, Herceptin (transtuzumab) во комбинација со хемотерапија им ја пружа најдобрата шанса за лекување и спасува многу животи преку намалување за 1/3 на ризикот за повторно појавувaње на болеста.2,3

Xeloda (capecitabine), првата орална хемотерапија, може да го редуцира повторното појавување на раниот карцином на дојка и да го продолжи животот на жените со напреднат рак на дојка.4,5

Avastin (bevacizumab), во комбинација со paclitaxel, двојно го зголемува времето до прогресија на болеста6, за прв пат надминувајќи ја границата од една година.

Карцином на бели дробови

За третман нанапреднат не-ситноклеточен белодробен карцином, во терапија на одржување и во втора линија на третман, Tarceva (erlotinib) има докажано значително подобрување на преживувањето и на олеснување то на симптомите, без несакани ефекти какви што има хемотерапијата. Tarceva дадена како прволиниски третман кај пациенти со мутации на EGFR овозможува значително зголемување на преживувањето.

Терапијата што го вклучува Avastin (bevacizumab) за прв пат овозможи продолжување на животот на пациентите со напреднат НСКБК за повеќе од една година, што е вонсериски напредок во третманот на оваа смртоносна болест.

Карцином на дебело црево

Пред 10 години на пациентите со напреднат карцином на дебело црево можеа да очекуваат дека ќе живеат само 15-18 месеци. Со внесувањето на Avastin (bevacizumab) во терапијата, просечното преживување на пациентите што имаат пристап до најсовремента терапија сега е подолго од 2 години.7

Напредокот во терапијата на онколошките болести вообичаено е процес што подразбира усовршување на терапевтските опции низ повеќе чекори 8,9,10

Non-Hodgkin лимфом (NHL)

Со лекот MabThera (rituximab) се излекувани 60 проценти од луѓето со агресивен NHL, што е двојно повеќе во споредба со пациентите што не се третирани со MabThera.

Карцином на желудник

Herceptin (transtuzumab) го продолжува животот на пациентите чиј тумор има високи нивоа на HER2 во споредба со пациентите што се третирани само со хемотерапија.11

Карцином на панкреас

Tarceva (erlotinib) плус хемотерапија го подобрува вкупното преживување за 25 проценти, без синергистичка токсичност. Таа е првата терапија во период подолг од 10 години што покажа значително подобрување на преживувањето кај метастатски карцином на панкреас.12

Карцином на овариум

Воведувањето на третманот со Avastin (bevacizumab) е првата нова тераписка можност по 15 години со значен бенефит за пациентките со карцином на овариум.

Табела 1.  Во последните 15 години терапијата за најразлични видови на рак напредуваше и пациентите живеат подолго

Повеќе од 7 милиони луѓе се лекувани со лековите против рак на Roche

Во фокусот на Roche, како и во изминатите 118 години од постоењето на Roche, остануваат истражувањето, откривањето, развивањето и создавањето нови иновативни лекови. Roche и во иднина ќе настојува да дава поддршка на сите лица кои се борат со ракот, како и нивните семејства, истотака и да ги охрабрува задравствените установи и поединци кои својот живот и работа го посветиле на борбата со ракот. После 50 години континуиран допринос во борбата со оваа тешка болеста, слободно може да речеме дека ракот го доживуваме лично и затоа оваа годишница ја одбележуваме со слоганот “We take cancer personally”.