Лекување на карцином

Лекувањето на карциномитe главно зависи од стадиумот во кој се откриени, односно од проширеноста на заболувањето. Постојат неколку модалитети на лекување на малигните заболувања а основните се:1

· Хируршко лекување

· Хемотерапија

· Радиотерапија (зрачна терапија)

· Биолошка (целна) терапија

Roche е насочен кон откривање на нови иновативни пристапи во лекувањето и создавање на агенси кои целно ги напаѓаат туморските клетки, а не ги оштетуваат нормалните здрави клетки од човековиот организам. Со таков пристап се постигнува подобар одговор на терапијата, а се зачувува квалитетот на живот на пациентите.2

Нашите целни агенси директно се насочени против карциномите на пациентите со рак на дојка, гастроинтестинални малигнитети, рак на бели дробови, гинеколошки и хематолошки малигнитети.2

Други лекови од нашето портфолио се насочени кон олеснување на симптомите на пациентите заболени од малигни заболувања како што се гадење предизвикано од хемотерапија, коскена болка причинета од малигно заболување итн.2    

Биолошката терапија е најнова ера во третманот на малигните заболувања.

Во неа спаѓа употреба на рекомбинантни протеини (на пр. интерферони); туморски вакцини и моноклонални антитела.1

Основа на биолошката терапија е активирање на имунолошкиот систем на организмот во борба против малигните клетки.1

Во основните биолошки терапии спаѓаат:

· Анти-ангиогенезна терапија

· Терапија на HER2 позитивни карциноми

· Терапија насочена кон рецепторот на епидермален фактор на раст (EGFR

· Терапија насочена кон рецепторот CD20

Референци:

  1. National Cancer Institute, http://www.cancer.gov/cancertopics/treatment/types-of-treatment, пристапено на 17.09.2014 год.
  2. F. Hoffmann-La Roche Ltd, http://www.roche.com, пристапено на 17.09.2014 год.