Причини и фактори на ризик

Точната причина за појава на туморите сеуше не е позната. Но испитувањата покажуваат дека одредени ризик фактори ја зголемуваат шансата за појава на тумор.

Најчести ризик фактори за појава на тумор се:

· Стареење

· Пушење

· Сончање

· Јонизирачки зрачења

· Одредени хемиски супстанции

· Некои вируси и бактерии

· Некои хормони

· Фамилијарна историја за појава на тумори

· Алкохол

· Лоша диета, недостаток на физичка активност, прекумерна телесна тежина.

Ризикот за појава на повеќе видови тумори може да се намали со здрав начин на живот. На пример, со одржувањето на нормална телесна тежина, прекинување на пушење цигари, исхрана богата со овошје и зеленчук, избегнување на прекумерно сончање, редовната физичка активност и избегнување на прекумерни количини на алкохол, го штитиме организмот од надворешни штетни чинители кои можат да бидат причина за појава на тумор.

Секако кога зборуваме за ризик факторите за настанување на тумор, потребно е да се напомене дека:

· Туморот не настанува како последица на повреда, пр. нагмечувања и модринки.

· Туморот не е заразен - иако некои бактерии и вируси можат да го зголемат ризикот за појава на тумор, никој не може да “префати” тумор од друго лице.

· Постоењето на еден или повеќе ризик фактори не мора да доведе до развој на тумор - кај повеќето лица кај кои постојат ризик фактори за појава на тумор, никогаш не се појавува тумор.

· Некои лица се почувствителни во однос на другите на споменатите ризик фактори.

Со развојот на науката се продлабочуваат сознанијата од областа на генетиката, процесот на делба на клетката и сознанијата за туморите воопшто. Со тоа се отвора пат за создавање на нови, целни и сè повеќе ефективни начини на терапија за овие заболувања.