Што е тумор?

Туморот е термин кој се користи за група заболувања за кои заедничка карактеристика е неконтролирана делба на абнормални клетки, кои се способни да навлезат во други ткива и органи.1

Сите тумори настануваат со делба на клетките, кои претставуваат основна градбена единка на секој орган во нашето тело. За да се разбере туморот, важно е да се знае што се случува кога нормалната клетка почнува неконтролирано да се дели, т.е. станува туморска клетка.1

Човековото тело е изградено од повеќе видови на клетки. Тие клетки контролирано растат и се размножуваат создавајќи други клетки, бидејќи тие се потребни за нормално функционирање на организмот. Кога клетката ќе “остари” или ќе се “оштети” таа изумира и се заменува со нова клетка.1

Но, некогаш овој природен процес може да излезе од контрола. Како последица на тоа, старите и оштетени клетки не изумираат, туку започнуваат неконтролирано да се делат и да формираат нови изменети клетки кои на организмот воопшто не му се потребни. Овие клетки со текот на времето фомираат ткиво кое се нарекува тумор.1  

Туморите, според начинот на раст и разорувањето на околното здраво ткиво, се поделени на:

· Бенигни,

· Малигни.

Бенигните тумори се разликуваат од малигните по тоа што поспоро растат, не ги разоруваат околните ткива и немаат способност за метастазирање – ширење во оддалечени места во телото. Бенигните тумори обично предизвикуваат симптоми кои се последица на неговиот притисок на ткивата и органите околу него. Тие, по правило, можат потполно хируршки да се отстранат и обично не се појавуваат повторно на истото место. Меѓутоа, и некои бенигни тумори можат да претставуваат опасност за болниот, посебно ако се сместени на места кои се тешко достапни за хирурзите и ако ги загрозуваат виталните органи (пр. бениген тумор на мозокот).

Референци:

  1. National Cancer Institute, http://www.cancer.gov/cancertopics/cancerlibrary/what-is-cancer, пристапено на 17.09.2014 год.