Дијагноза

Од страна на Американската Асоцијација за Ревматизам позната како Американски Колеџ за Ревматологија (ACR) поставени се критериуми за класификација на РА а тие се:

1. Утринска вкочанетост во и околу зглобовите со траење од најмалку 1 час пред максималното подобрување

2. Оток на меките ткива (артритис) на 3 или повеќе зглобни простори набљудувани од лекар

3. Оток (артритис) на проксималните интерфалангеални, метакарпофалангеални или рачни зглобови

4. Симетричен оток (артритис)

5. Ревматоидни јазли

6. Присуство на ревматоиден фактор

7. Радиографски ерозии и/или периартикуларна остеопенија во рацете и/или рачните зглобови

За дијагноза критериумите од реден број 1 до 4 мораат да бидат присутни во траење од најмалку 6 недели. За поставување на дијагноза неопходно е присуство на најмалку 4 критериуми.1

Референци:

  1. Arnett FC et al. Arthritis Rheum. 1988 Mar;31(3):315-24.