Епидемиологија

Од ревматоиден артритис боледува околу 1% од светската популација.1

Болеста може да се појави кај сите етнички групи и кај двата пола, но e 3 до 5 пати почеста кај жените. Ревматоидниот артритис е едно од најчестите автоимуни заболувања и главна причина за хронична болка кај повеќе милиони луѓе во светот, од кои три милиони само во Европа.1

Болеста има големо, не само медицинско, туку и социо-економско значење. Ги напаѓа луѓето во најактивниот период од нивниот живот, во третата и четвртата деценија, влијаејќи на нивните кариери, продуктивност и работоспособност.1

Во просек, половина од болните остануваат неспособни за работа во рок од 10 години од поставувањето на дијагнозата.2

 

 

 

Референци:

  1. Перчинкова М С, Чаловски Ј, Грличков М, Марина Н, Божиновски Г, Николовска Котевска М, Прирачник за лекување на ревматоидниот артритис, Универзитетска клиника за ревматологија, Скопје 2010: 5-8.
  2. Weinblatt ME, Kremer JM, Bankhurst AD, Bulpitt KJ, Fleischmann RM, Fox RI, et al. A trial of etanercept, a recombinant tumor necrosis factor receptor:Fc fusion protein, in patients with rheumatoid arthritis receiving methotrexate. N Engl J Med 1999;340:253–259.