Дијагноза
Дијагнозата на хроничниот хепатитис Б се поставува врз база на:
1. клинички преглед (анамнеза, физикален преглед);
2. лабораториски испитувања:
- покачени црнодробни ензими (ALT, AST);
- позитивни вирусолошки маркери (HBsAg подолго од 6 месеци);1
- присуство на HBeAg во серум, покажува дека лицето е инфицирано и може лесно да го пренесе вирусот;1
- отсуство на анти-HBs антитела и
- детекција на вирусната ДНК во крвта, која се детектира во крвта после 30-60 дена од денот на контакт.
3. црнодробна биопсија со која се проценуваат настанатите оштетувања на црниот дроб.
Референци:
1. WHO. Hepatitis B fact sheet 204. July 2014. www.who.int/mediacentre/factsheets/fs204/en/. пристапено на 01.10.2014 год.