Клиничка слика

Болеста се јавува после 1 до 6 месеци по заразувањето со вирусот на хепатитис Б.1 Акутното заболување може да има различен тек и клиничка слика. Болеста може да помине незабележано, без некои особени симптоми или пак да се јави во потешка форма кога е неопходна хоспитализација.

  • Кај повеќе од 90% од возрасните лица, болеста поминува спонтано после неколку месеци оставајќи доживотен имунитет (антитела на HBsAg).1
  • Ако HBsAg перзистира подолго од 6 месеци, тоа значи дека болеста преминала во хронична форма.  
  • Имуниот систем кај новородените деца не е доволно развиен и, за жал, 80-90% развиваат хроничен хепатитис.1

Хроничен хепатитис Б 

Имуниот систем на пациентите кои развиваат хроничен хепатитис Б не е способен да се избори со вирусот, па тој перзистира во организмот долго време и предизвикува оштетување на црниот дроб. Многу пациенти, во раните фази на болеста, не чувствуваат тегоби или пак имаат неспецифични симптоми како замор, малаксаност или намален апетит. За жал, најголемиот број од пациентите првите симптоми ќе ги добијат по настанувањето на тешките оштетувања на црниот дроб.

Хроничниот хепатитис Б поминува низ 4 фази: имунотолерантна, имуноактивна, фаза на ниска репликација и фаза на реактивација. Сите пациенти не поминуваат низ сите фази на болеста.

Оштетувањата на црниот дроб кај HBsAg позитивните пациенти може да прогредираат со текот на годините, без разлика дали болниот чувствува тегоби или не и затоа е неопходна редовна контрола кај лекар-специјалист.

Во медитеранскиот регион, во кој спаѓа и нашата земја, најчест е генотипот Д кој има најлоша прогноза.

Референци:

1. WHO. Hepatitis B fact sheet 204. July 2014. www.who.int/mediacentre/factsheets/fs204/en/. пристапено на 01.10.2014 год.