Лекување

Тераписките можности за пациентите кои имаат хроничен хепатитис Б се:

  • пегилиран интерферон – делува антивирусно и имуномодулаторно, се дава еднаш неделно како поткожна инјекција во времетраење од 48 недели. Имуниот систем и по завршувањето на терапијата продолжува да се бори со вирусот;
  • нуклеотидни и нуклеозидни аналози - делуваат директно врз размножувањето на вирусот само додека се прима лекот. Ако давањето на лекот се прекине нагло или вирусот да стане резистентен на лекот, болеста може да се влоши.

Целта на терапијата е:

  • да се нормализираат црнодробните ензими (ALT, AST);
  • да се спречи размножувањето на вирусот;
  • HbеAg сероконверзија;
  • губење на HbsAg;
  • создавање на антитела кон HbsAg (Anti Hbs сероконверзија);
  • подобрување на црнодробната хистологија и
  • ремисија на болеста.

При долготрајна ремисија на болеста се намалува ризикот од појава на компликации како што се цироза и карцином на црниот дроб.

Одлуката кои пациенти HbsAg позитивни треба да се лекуваат ја донесува лекар-специјалист (гастроентерохепатолог, инфектолог или друг).