Епидемиологија

Секоја година, глобално грипот се појавува во просечна стапка од 5%-10% кај возрасните лица и 20%-30% кај децата.1 Тоа може да доведе до зголемен број на хоспитализација и смртни случаи најмногу кај високо ризичните групи на лица (мали деца, стари лица или хронично болни).1

Глобално, годишните епидемии се проценуваат дека ќе предизвикаат околу 3-5 милиони случаи на тешка болест и околу 250.000 до 500.000 смртни случаи.1 Во индустријализираните земји најголемиот број на смртни случаи кај возрасни лица над 65 години се последица на инфекција со грип.1

Вирусот тип А е најчест причинител на сериозни епидемии и пандемии како што била пандемијата на шпански грип во 1918/19 година кога имало над 30 милиони смртни случаи ширум светот или пандемијата во 2010 година со вирусот А (H1N1).

Епидемиите на грип може да се појават секоја година, иако обемот и тежината се разликуваат, додека пандемиите (светски епидемии) се случуваат на секои 10 или 40 години и зафаќаат околу 50% од светската популација.2

Референци:

  1. World Health Organization, Influenza (Seasonal), Fact sheet N°211, March 2014.
  2. Glezen WP. Emerging infections: pandemic influenza. Epidemiologic Reviews 1996; 18: 64–76.