Клиничка слика

Главна карактеристика на заболувањето е ненадејна и бурна појава на општи симптоми. Температурата е висока (38-40oC), се јавуваат треска, кашлица (вообичаено сува), мускулни и зглобни болки, главоболка, малаксаност, замор, болка во грло и течење на нос.1 Акутните респираторни симптоми најчесто траат 5 до 7 дена, додека кашлицата, заморот и малаксаноста може да се чувствуваат и 2 до 3 недели. Овие симптоми се последица на вирусната репликација и треба да се разликуваат од многу послабите симптоми на обична настинка. Времето на инкубација е околу 2 дена.

Компликациите се чести и вклучуваат: бронхитис, воспаление на синусите и средното уво, пневмонија (вирусна или секундарна бактериска), но исто така и миокардитис и енцефалитис.

Одредени групи на пациенти со висок ризик (постари лица над 65 годишна возраст, пациенти со компромитиран имун систем, деца, хронични пациенти – хронични респираторни, срцеви, бубрежни заболувања и дијабетичари) се особено вулнерабилни и може многу брзо да развијат тешки компликации.

Референци:

1.     World Health Organization, Influenza (Seasonal), Fact sheet N°211, March 2014.