Лекување

За жал сеуште најголем дел од пациентите, за намалување на симптомите на грипот најчесто употребуваат помошни лековити средства, меѓутоа овие агенси не делуваат на самиот вирус, така да болеста продолжува да се развива, што во крајна линија го зголемува ризикот од настанување на секундарни компликации (бронхитис, синузитис, воспаление на уво, пневмонија, миокардитис, енцефалитис и др).

Вакцинација

Важна превентивна стратегија против грипот претставува вакцинацијата на оние групи пациенти кои се изложени на повисок ризик.

Антивирусни лекови

Научните истражувања доведоа до пронаоѓање на нова група лекови, таканаречени инхибитори на неураминидаза кои делуваат на самиот вирус на инфлуенцата.

Неураминидазата е ензим кој е присутен на површината на вирусот на инфлуенца тип А и тип Б и има многу важна улога во животниот циклус на вирусот.

Инхибиторите на неураминидаза се ензими кои се врзуваат за рецепторите на неураминидазата и ги блокираат специфичните процеси неопходни за репликација на вирусот.

Доколку неураминидазата е блокирана вирусот не е во состојба на инфицира друга клетка. На овој начин размножувањето на вирусот е спречено, редуцирајќи го ризикот од појава на тешки компликации и смртни случаи. Препорачливо е антивирусните лекови да се администрираат рано, веднаш штом се појават првите симптомите (во првите 48 часа) на болеста.1

Референци:

  1. World Health Organization, Influenza (Seasonal), Fact sheet N°211, March 2014.