Веруваме во важноста да имаме јасни приоритети кои ќе нè водат низ бурното и постојано менување на животната средина околу нас. Нашата цел е да постигнеме долгорочен одржлив раст и да им дадеме вредност на сите засегнати чинители.
Фокусирани сме на развојот на нови иновативни лекови и дијагностички тестови кои им помагаат на пациентите да живеат подолг и подобар живот. Две третини од сите болести или сè уште не се лекуваат соодветно или воопшто не се лекуваат. Медицинската потреба е огромна, веруваме дека преку унапредена дијагностика и лекови можеме да направиме огромна разлика во животите на милиони пациенти и нивните семејства.
Се стремиме да ги решиме незадоволените медицински потреби преку извонредност во науката. Откритијата во науката и технологијата сè повеќе ни овозможуваат да откриеме што точно не функционира во организмот и да развиеме лекови со кои ќе се спротивставиме на проблемот. Ние се фокусираме на онкологијата, имунологијата, невронауката, заразните и ретките болести, но сепак остануваме флексибилни и ја следиме науката како стануваат достапни новите сознанија.
Секојдневно ги комбинираме нашите најголеми откритија во фармацијата и дијагностиката за подобро да се вклопат во третманот на пациентите. Кога можат да се идентификуваат генетски дефекти, ефикасноста и безбедноста на лековите можат значително да се подобрат. Затоа имаме придружна дијагностичка стратегија за секоја молекула што ја развиваме.
Наша цел е да ги направиме достапни нашите лекови и дијагностички тестови на што е можно поголем број лица кои имаат потреба од нив. Секој здравствен систем има различни предизвици и па затоа изработуваме и прилагодуваме решенија за индивидуалните пазари. Соработуваме со голем број различни локални партнери со цел да ги намалиме бариерите за пристап до здравствената заштита и да воспоставиме иновативни, одржливи начини кои ќе придонесат за ефикасна и прифатлива здравствена заштита на пациентите.
Посветени сме на постојано зајакнување и одржување на одлично работно место каде што секое лице се чувствува ценето и почитувано и може да се развива и да го негува својот потенцијал. Нашите вработени ги откриваат, развиваат и произведуваат нашите производи и обезбедуваат пристап до пациентите на кои им требаат истите. Ние веруваме дека клучот за нашиот успех лежи во нашата способност да привлечеме, задржиме и мотивираме високо квалификувана и разновидна работна сила.
Ние ја водиме нашата работа на етички начин кој има за цел да создаде долгорочна вредност за сите засегнати страни. Ние сакаме да создадеме вредност преку развивање медицински решенија и имаме за цел што повеќе луѓе да имаат корист од нив. Ние веруваме дека нашиот успех лежи во нашата способност да развиваме стратегии каде индустријата и општеството имаат корист на одржлив начин.