Персонализирана медицина

Нашата примарна цел во Рош е да обезбедиме медицински решенија кои ќе овозможат супериорни можности за дијагноза и лекување достапни на лекарите, со крајна цел - овозможување на најдобра тераписка опција за пациентите.

Персонализираната медицина претставува овозможување соодветен третман на одреден пациент. Целта на медицината отсекогаш била да се најде правиот третман за правиот пациент, но ова стана возможно неодамна, со последните напредоци во науката и технологијата.

Стандарден пристап

Вообичаено, сите пациенти дијагностицирани со иста клиничка дијагноза го примаат истиот лек. Овој универзален пристап на лекување има ефект само кај некои пациенти, но, кај други може да почувствуваат несакани ефекти или посакуваниот клинички ефект да изостане. Ова се должи во многу случаи на генетските и другите молекуларни разлики помеѓу одделни пациенти.

Прилагодување на третманот кон потребите на пациентот

Персонализираната медицина, од друга страна, посочува дека секој пациент е единствен. Со употреба на специфични молекуларни тестови за дијагностицирање, докторите сега може да предвидат како пациентот ќе одговори на третманот за некои болести и состојби. Овие тестови им овозможуваат на докторите да ги одредат најсоодветните дози и времетраење на третманот.

Главната цел на персонализираната медицина е пациентот да се здобие со најдобриот третман врз основа на специфичните биолошки маркери.

Пионери во персонализираната медицина

Рош има за цел да ги прилагоди лековите, што е можно посоодветно, на потребите на пациентите. Како една од водечките светски фармацевтски компании, како и поради комбинираната предност во производството на лекови и во дијагностиката, не постои компанија која е посоодветна за исполнување на оваа задача.

Персонализираната медицина има огромен потенцијал да ја направи здравствената заштита подобра, побезбедна и со поголема кост-ефективност.

Сепак, ќе треба да помине извесен период пред да може да се реализира целосниот потенцијал на персонализираната медицина.

Меѓутоа, очигледно е дека медицината сè повеќе го напушта концептот „еден лек делува кај сите состојби‘‘.     

Медицината сè повеќе станува персонализирана

Во изминативе години, со повеќе примери, Рош докажа како комбинирањето на експертизата во доменот на дијагностиката од една и лекувањето од друга страна го поплочува патот кон персонализираната медицина. Наша цел е да им овозможиме на здравствените работници што помоќна дијагностика и таргетиран третман базиран на најновите сознанија за настанување на болестите на молекуларно ниво.

Земајќи ги предвид различните карактеристики на одредени субпопулации на пациенти и нивните специфики (на пр. подтипови на карциноми), може да докажеме дека во многу случаи персонализираната медицина:

  • го подобрува разбирањето за разновидноста на болеста и овозможува да се диференцираат пациентите во подгрупи;

  • ја подобрува ефикасноста и ефективноста на делот за истражување и развој;

  • помага да се избегне непотребен третман, зголемувајќи ја на тој начин кост- ефективноста;

  • го поддржува развојот на побезбедни и поефективни тераписки опции со што индиректно се намалува ризикот од несакани ефекти, како и трошоците за нивно менаџирање;

  • обезбедува дијагностички тестови преку кои ќе може да се идентификуваат подгрупите на пациентите, кои најдобро ќе реагираат на одредена терапија;

  • го подобрува исходот од терапијата кај пациентите и квалитетот на животот.

Пример од онкологија

  • Карциномот на дојка е добар пример. Знаеме дека карциномот на дојка не е една, туку повеќе различни болести. HER2-позитиен карцином на дојка е агресивна форма предизвикана од премногу активен HER2 протеин во кој се наоѓа во туморските клетки. Одредување на присуството на факторот на раст (HER2) кај карцином на дојка со специфични тестови, ги одредува оние пациенти кои најдобро би реагирале на терапија со моноклонални антитела специфично насочени против овој фактор на раст. Рош има пронајдено голем број на лекови, посебно за групата пациенти со високо ниво на HER2. Овие лекови го таргетираат HER2, ги уништуваат туморските клетки и го намалуваат ризикот од нивна повторна појава.

Со следењето на стратегијата на персонализирана медицина, добиваме ефикасни лекови за третман на карцином на дојка, бели дробови, кожа и лимфоми. Денес, најголемиот број на лекови во крајна фаза на истражување се развиваат со соодветни дијагностички тестови кои помагаат да се персонализирана третманот на лекување.

Откриј повеќе

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.

КонтактВо светотlinkedinfacebooktwitterinstagramyoutubeCovid-19ЛековиКариераНовостиПерсонализирана здравствена заштитаИзјава за заштита на приватностаПравна изјава