„Рош“ глобално
Групацијата „Рош“ со седиште во Базел, Швајцарија, е активна во повеќе од 100 земји. Во 2019 година бројот на вработените беше повеќе од 98.000 луѓе ширум светот.
„Рош“ има пионерска улога во здравствениот сектор. Како иноватор на лекови и дијагностика за рана детекција, превенција, дијагноза и третман на голем број болести, ние придонесуваме на повеќе фронтови за подобрување на здравјето и квалитетот на животот на луѓето. „Рош“ ги обезбеди првите лекови кои се посебно прилагодени на одредени групи пациенти.
Нашата мисија, сега и во иднина, е да создадеме додадена вредност во здравствената заштита преку фокусирање на нашите сознанија и истражувања во дијагностиката и во фармацијата.

Инвестираме во иновацијата
„Рош“ вложува многу инвестиции во истражувањето и развојот на нови лекови и дијагностички решенија. Своите истражувања низ целиот свет ги надополнува со многубројните договори за соработка со светски признати универзитети, истражувачки институти и биотехнолошки компании. Како најголема светска биотехнолошка компанија ние ги користиме најновите откритија и најсовремените технологии за развој на нашите производи. Заедно со нашите партнери го преточуваме мноштвото идеи во медицинските иновативни решенија.
Наш приоритет е да одговориме на потребите на модерната медицина, да направиме чекор напред во лекувањето на пациентите преку откривање и производство на иновативни лекови кои ќе имаат висока ефикасност, безбедност а и фармакоекономска оправданост. Наш фокус не е само дијагностика и третман на симптомите на болеста, туку да примените пристап на лекување давајќи многу повеќе можности за идентификување и лекување на болеста во рана фаза, кога нејзините деструктивни ефекти се уште можат да се спречат.
Поради тоа инвестираме во откривање и развој на нови молекули кои ќе направат разлика во животот на пациентите. Во 2019 година, инвестиравме околу 11,7 милијарди швајцарски франци во истражување и развој, и ќе продолжиме со исто темпо и во иднина, бидејќи потребата за нови, иновативни лекови е поголема од било кога.
Производи и услуги
„Рош“ е најголемата биотехнолошка компанија во светот, со вистински диференцирани производи во областа на онкологијата, имунологијата, заразните болести, офталмологијата и болестите на централниот нервен систем. Исто така, „Рош“ е светски лидер за ин-витро дијагностика, ткивна канцер-дијагностика и предводник во контролата на дијабетесот.
Нашата одговорност
Ние во „Рош“ сме посветени на исполнувањето на највисоките етички стандарди, а се придржуваме и до сите важечки национални и интернационални закони на секое поле на деловната соработка. Нашите етички стандарди се дел од нашите „Корпоративни принципи“.