Женското здравје преку досегашни искуства и потреба од светска трансформација

Здравјето на човекот е од непроценлива важност и главен предуслов за квалитетен живот од секаков аспект. Без разлика на полот придобивките од добро здравје се суштински еднакви, но сепак мора да се истакне дека жените и мажите имаат различни здравствени потреби, условени од нивните биолошки разлики, социо-економски услови и културолошки разлики.

Женското здравје претставува состојба на емоционална, социјална, културна, душевна и физичка благосостојба на жените, која истовремено е детерминирана од нивниот општествен и економски статус, како и од нивните биолошки карактеристики.

Жените имаат право да ги уживаат највисоките достапни стандарди на физичко и ментално здравје. Уживањето на ова право е витално за нивниот живот и добросостојба, како и за нивната можност да учествуваат во сите полиња на јавниот и приватниот живот. Жените имаат право на персонализирана здравствена заштита - приспособена на нивните клинички карактеристики и лични преференци и приоритети. Ова право им е меѓународно признато прекуза елиминирање на сите форми на дискриминација врз жените, правото на здравје со достапност до сите здравствени услуги, пристапност до соодветни бесплатни здравствени услуги, потоа Универзалната декларација за човекови права, Пекингшката декларација, Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН за жени и др.

И нашето домашно законодавство ги препознава и уредува потребите на жените во однос на здравјето и здравствената заштита, пред сè со Законите заза здравствено осигурување, за заштита на правата на пациенти, како и со Програмите на Владата на РМ во надлежност на Министерството за здравство.

Усвојувањето и регулирањето на ваквите пишувани политики и мерки за унапредување на женското здравје, се важен предуслов за обезбедување на квалитетно женско здравје, но уште поважно е нивното доследно спроведување.

  1. Државата треба да обезбеди непречена и континуирана реализација на сите превентивни мерки, согласно својот социо-економски развој да имплементира соодветни специфични активности, наменети за ранливите категории жени во постојните здравствени политики.

  2. Преку подигање на свесноста, грижата за сопственото тело треба да биде личен приоритет на секоја жена. Но, сведоци сме дека честопати жените го занемаруваат сопственото тело, поради семејни грижи, недостаток на време, а со тоа и своето здравје, не обрнувајќи внимание на сигналите што им ги испраќа телото. Секоја жена треба да знае дека здравјето е од клучна важност за квалитетот на живот, но мора и да научи како да го одржува и подобрува со текот на годините, во различните фази од нејзиното животно доба.

  3. Посветеноста за женското здравје треба да е заеднички императив на сите здравствени работници, за безрезервно одржување на женската благосостојба од најмала до најстара возраст.

При донесување на овие програми, се потенцирала добрата идеја, но времето покажало дека се работи за комплексен проблем, за чие ефикасно и правилно спроведување треба да бидат задоволени бројни фактори. Потребен е интегриран пристап со сите сегменти - државата, пациентот, здравствениот работник, преку многубројни партнерства, уникатно позиционирана соработка, со цел да се постигне глобална трансформација во грижата за женското здравје. Потребно е постојано и континуирано унапредување на ваквата грижа, соодветно со развојот на медицината, но мора да се признае дека во земјите во развој, како и во Македонија, и покрај добро разработените скрининг програми, сепак постојат големи пропусти, неефикасности, недоследности. Но и високо развиените здравствените системи ги промашуваат жените. Опфатот на жени со специфични услуги за женското здравје на примарно ниво не е подеднаков за сите жени, односно најчест проблем се одредени маргинализирани групи (ромки, жени од рурални средини, жени кои живеат во неповолни социо-економски услови). Структурните разлики и лошата усогласеност меѓу здравствените системи ги предизвикуваат овие нееднаквости, кои често ги оставаат жените неспособни да ја добијат потребната нега на вистинско место, во вистинско време.

Постојат повеќе причини за неадекватна грижа на жената. Дел од жените се незаинтересирани, дел се лошо и недоволно информирани. Здравствениот систем мора да ја слушне жената од една страна, а да го засили гласот на специјалистите, за да се подигне свеста за женското здравје. Потребни се бројни отворени дискусии и зборувања во име на жените, на јазик близок за секоја жена независно од нејзиното образование и писменост. Тие главно треба да се насочени кон можностите за превенирање на сериозни болести, кои жената можат и живот да ја чинат. Постојат програми за рана детекција на малигни заболувања, со јасно дефинирани превентивни здравствени услуги.

опфаќаат здрава женска популација, кај која со соодветни клинички и дијагностички прегледи, може рано да се открие и навремено да се започне лекувањето на карциномот на грлото на матката и на дојката.

Комплетен гинеколошки преглед со микроскопска анализа на брис земен од грлото на матката, надополнет со вагинален ултразвучен преглед, е неинвазивна, ефтина, безболна метода кај дава значајни податоци за гинеколошкото здравје на жената. Овој преглед како скрининг програм треба да започне по 3 години од првиот вагинален коитус, но не подоцна од 21 годишна возраст. Истиот треба да се повторува еднаш годишно доколку се применува конвенционалниот цитолошки брис или на секој 2 години доколку се применува ликвид-базирана цитологија на возраст од 30 години и потоа. Кај жени со 3 последователни, технички исправни нормални/негативни цитолошки резултати скринингот може да се реализира на секои 2-3 години. Рутински не се прави ХПВ-ДНК тестирање, туку само по индикација.

Контролата на цервикалниот канцер во минатите пет децении во Македонија беше спроведувана преку скрининг програма, која според начинот на спроведување во основа не е популационо-базирана и е опортунистичка, со покриеност од само 10% од целната женска популација. Ваквата генерална оценка се однесува и на активностите преземени по донесувањето на посебна - вертикална програма во 2005 година, која до денес не покажува тренд на промена кон масовен и организиран скрининг. Оваа програма почна да се спроведува во 2007, продолжи во тек на 2008, за подоцна во 2009 година да биде преформулирана во обид за пилот организиран скрининг во еден, односно два града во Македонија.

Освен тоа ХПВ вакцината, како главен елемент на активностите за примарна превенција на карцином на грло на матка, е достапна на пазарот во Македонија од 2007 година. Најпрво во октомври 2008 година започна кампања за вакцинација на девојчиња на возраст од 9-26 години, во рамките на која вакцинацијата се спроведуваше како необврзна и на доброволна основа, за да од 2009 година вакцината биде вклучена во календарот за рутинска имунизација за сите девојчиња на возраст од 12 години. Вакцинацијата против ХПВ, како и изминатите години (од нејзиното воведување) има најмал регистриран опфат споредено со другите задолжителни вакцини, односно во 2017 година изнесува 48%.

Три активности применети во комбинација би можеле да бидат ефикасни: самопреглед на дојката, клинички преглед на дојката и мамографија.

Самопреглед на дојка: секоја жена преку самопрегледот ќе ја научи специфичната конфигурација на своите дојки. Така може да се забележи секоја промена. Самопрегледот на дојките е опција која би требало да започне во возраст од околу 20 години. Најдобро време за самопреглед на секоја млада жена, која менструира, е непосредно по завршување на менструалниот циклус. Доколку се забележи појава на нова грутка во градата, оток во пазувата, вдлабната кожа, болка во брадавката, црвенило или нерегуларен исцедок од брадавката, задолжително треба се консултира лекар.

Клинички преглед на дојка: направен од професионално лице, како дел од рутински здравствен преглед на секоја жена и тоа секоја трета година кај жените од 20 до 30 години и еднаш годишно по 40-годишна возраст. Професионалниот клинички преглед вклучува преглед на формата и текстурата на дојката, како и преглед на пазувите.

Скрининг мамографија: годишните мамограми би требало да се прават од 40-тата година и потоа се додека жената е во добра здравствена состојба.

Досегашните искуства покажуваат дека намалувањето на инциденцијата и морталитетот кај малигните болести директно корелираат со степенот на организираност и мониторингот на скрининг програмот. Ова најдобро го илустрираат податоците од Нордиските земји, САД, Канада и делови на Шкотска, каде во првата половина на деведесеттите години, се регистрирани значајни намалувања во инциденцијата на инвазивниот цервикален карцином.

Со програмата да бидат опфатени високо-ризичните жени, барем еднаш до два пати во животот со квалитетен и високо-сензитивен тест, со акцент на широка покриеност на целната популација (>80%). Освен тоа треба да се обезбеди кај жените кај кои се откриени абнормалности да се постави дијагноза, да се превземе терапија и да се обезбеди следење. Дополнително за одржување на програмата потребно е да се инвестира во подобрување на инфраструктурата, обука на персоналот и информацискиот систем кој ги поддржува овие процеси, со обезбедување на висок стандард на квалитет и контрола во секоја од стапките на скринингот.

Женското здравје треба да биде наш заеднички императив. Несомнено е дека тоа редовно треба да се унапредува, осовременува и адаптира на потребите во секоја земја. Трансформацијата треба да биде заснована на квалитетни клинички регионални и интернационални испитувања со податоци од реалниот свет, подржана од експерти во соодветните области. Секоја промена треба да биде јасно споделена и достапна за секоја жена, која треба да има доверба во системот.

M-MK-00000288

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.