Пионер во персонализираната здравствена заштита
Напуштање на концептот „еден пристап за сите“ и негова замена со концептот „најдобра нега за секого“.
Во Рош, персонализираната здравствена заштита – позната и како PHC – е клучна област во фокус во којашто се комбинираат иновативната наука, податоците, аналитиката и технологијата за нови откритија и подобрување на животот на пациентите.
Секој човек е уникатен. Разбирањето на она што ги прави луѓето различни – генетиката, средината, животниот стил – е клучно за да се префрли фокусот на здравствената заштита од лекување на болестите на обезбедување најдобра заштита за секого во текот на животот. Токму ова е целта на персонализираната здравствена заштита.
Со користење на податоците, аналитиката и технологијата во процесот на истражување и развој и континуумот на заштита, се приближуваме до нашата цел за подобрување на животот и унапредување на здравјето со користење на помалку финансиски ресурси за луѓето и општеството.
:quality(90)/)
Со цел да ја исполни целта за персонализирана здравствена заштита, Рош се фокусира на четири клучни аспекти на заштитата:
Рано откривање и точна дијагноза
Индивидуализирана нега
Пристап до оптимална грижа
Грижа и следење на далечина
Напредокот во науката, податоците, аналитиката, пресметките и дигиталната технологија ни овозможуваат да ги разбереме факторите кои влијаат на здравјето на секој човек со поголема јасност од кога б ило досега. Со ова знаење, можеме да ја подобриме заштитата во секоја фаза – од одржување на здравјето на луѓето, преку рано откривање и дијагностицирање на болеста, обезбедување на вистинските лекови во вистинско време, до следење на напредокот на болеста и исходот од третманот во реално време. Збогатувањето на целосното искуство на заштита ќе ги трансформира исходите за пациентите и ќе им овозможи на здравствените системи да ги користат ресурсите поефикасно и поефективно.