Компанијата Рош е основана во Швајцарија, Германија и Италија во 1896 година како една од првите компании специјално формирани за производство на научно откриени фармацевтски производи. Брзата меѓународна експанзија била резултат на смелиот и непопустлив основач на Рош, Фриц Хофман, трговец од Базел.
Оттогаш, Рош ги користи иновациите и новите технологии за да ја развие медицинската практика и да им помогне на пациентите да живеат подолг и подобар живот. Оваа цел никогаш не се променила, a Рош како компанија континуирано открива нови иновации за исполнување на оваа цел.
F. Hofmann-La Roche & Co е основана на 1 октомври 1896 година во Базел, Швајцарија. Нејзиниот основач, Фриц Хофман, ветил дека ќе се обиде да ја преобрази здравствената заштита откако со свои очи ги посведочил катастрофалните ефекти од избувнувањето на епидемијата на колера во Хамбург. Тој бил убеден дека лековите треба да се произведуваат индустриски и да се дистрибуираат на меѓународно ниво.