РОШ Македонија ДООЕЛ Скопје како одговорна компанија презема обврска да го следи Кодексот за објавување на податоци за трансфер на вредности од страна на производителите на лекови кон здравствените работници и кон здравствените организации, усвоен од Европската федерација на фармацевтски индустрии и асоцијации (анг. EFPIA, European Federation of Pharmaceutical Industries and Assotiations). Повеќе информации во врска со кодексот може да пронајдете на следниот

Согласно овој документ, а со цел зголемување на транспарентноста на своето работење, РОШ се обврзува јавно да објавува податоци поврзани со плаќања и други вредносни трансфери што РОШ ги реализирал спрема здравствените работници и спрема здравствените организации. Првата објава која се однесува наја објавивме во јуни 2020 година.

Листата наикои добиле финансиска поддршка во тек на 2020 година се објавени во јуни 2021 година. 

Листата на  и  кои добиле финансиска поддршка во тек на 2021 година се објавени во јуни 2022 година. 

Листата на  и  кои добиле финансиска поддршка во тек на 2022 година се објавени во јуни 2023 година. 

Зголемувањето на транспарентноста преку поединечното објавување на трансферот на вредности е добро за сите, вклучително и за здравствените работници, бидејќи на тој начин се гради разбирање за оваа важна соработка.  Кога фармацевтските компании истражуваат, развиваат и воведуваат нови лекови во клиничката пракса, потребен е придонес од голем број засегнати страни, како што се здравствените работници и здравствените организации. Со воведувањето на Кодексот за објавување податоци на EFPIA се помага во подобрување на разбирањето на овие важни односи.

Активности кои се опфатени со објавата се: истражувачки и образовни грантови наменети за здравствени организации, како и трансфери на вредност кон поединци за активности како што се говорење на едукативни состаноци, консултантски услуги, присуство на советодавни одбори, како и поддршка за присуство на едукативни состаноци.

Внесувањето на поголема транспарентност во овие веќе добро регулирани и суштински односи е со цел зајакнување на основата за соработка во иднина. Интеракциите помеѓу индустријата, здравствените работници и здравствените организации е од витално значење за да можеме да продолжиме да развиваме лекови кои ја унапредуваат здравствената заштита и продолжуваат да го подобруваат животот на пациентите во Република С. Македонија.

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.