Долгогодишни калуѓерки, како и жени кои немаат деца, имаат повисок ризик да умрат од карцином на дојка, јајници и матка, во споредба со мајките. Ризикот кај жените да добијат карцином се зголемува со бројот на менструалните циклуси кои ќе ги имале.
Не се само луѓето кои страдаат од карцином на дојка, исто така и некои животни. Почесто се јавува кај кучиња отколку кај мачки, но е поагресивен кај мачките отколку кај кучињата.
Измет од инсекти се користел многу во античките лекови за третман на карцином на дојка. На еден пронајден египетски папирус, предложена била мешавина од мозок од крава и измет од оса да се аплицира на туморот на дојката четири дена. Изметот од инсекти се сметал за најнапреден третман за карцином на дојка се до Средниот век. За среќа, третманите напреднале многу од тогаш.
Првата мастектомија за која имаме запис била изведена во 548 година по нашата ера на Теодора, Императорка на Византија. Значајниот напредок во нашето разбирање и третманот на карцином на дојка во последните декади доведе до драматична редукција на употребата на „радикална“ мастектомија (каде дојката, градниот мускул и лимфните јазли се отстрануваат), кој бил стандарден хируршки пристап за карцином на дојка во 1960-тите години.
Многу луѓе не разбираат дека и мажите имаат ткиво на дојка и дека и тие можат да развијат карцином на дојка. Но карциномот на дојка е поредок кај мажите бидејќи клетките на каналчињата на дојките се помалку развиени отколку кај жените и бидејќи нормално имаат пониски нивоа на женски хормони кои влијаат на растот на клетките на дојката.
Левата дојка има за 5-10% поголема веројатност да развие карцином отколку десната дојка. Левата страна на телото грубо е 5% посклона да се развие меланом (тип на кожен карцином). Никој не знае точно зошто е тоа така.
Голем напредок е направен во изминативе години кај карциномот на дојка. Фактички, менаџирањето на карцином на дојка преку проценката на ризик, превенција, хирургија, зрачење и друг третман, драматично се смени. Стапката на смртност од карцином на дојка во многу развиени земји опаѓа во последниве години, и сега стапките на преживување се 80% или повеќе во земји како САД, Шведска и Јапонија. Како и да е, стапките на преживување остануваат под 40% во земјите во развој.
Меѓународната агенција за истражување на карциномот (анг. The International Agency for Research on Cancer) неодамна потврди дека жените кои работат ноќни смени 30 години или повеќе имаат двојно поголем ризик да добијат карцином на дојка. Не беше најдена поврзаност помеѓу зголемениот ризик за карцином на дојка и период на ноќна смена кој бил пократок од 30 години.
Фотографиите имаат само илустративни цели и сите прикажани лица се модели.
Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.