Биомаркери

Биомаркери се биолошки молекули, најчесто протеини, кои се наоѓаат во крвта, други телесни течности, површината на клетката или внатре во генетскиот материјал на клетката.

Присуството на биомаркерите е знак за одредена нормална или абнормална состојба или болест. Биомаркерите се од голема важност во онкологијата, бидејќи нивното присуство или отсуство дава податок за тоа која терапија треба да се употреби кај поединечен пациент. Одредувањето на присуството на одредени биомаркери кај различни видови на карциноми е основа за индивидуализиран пристап во лекувањето на малигните заболувања. Одредувањето на биомаркерите исто така има и прогностичка вредност, односно присуството на некој биомаркер дава податоци дали болеста има подобра или полоша прогноза.1

HER2 (хуман епидермален фактор на раст рецептор 2) е протеин кој се наоѓа на површината на клетката и е рецептор за хуман епидермален фактор на раст кој има важна улога во делбата и растот на карциномите.2 Кај 20-30 % од карциномите на дојка и 10-30 % од карциномите на желудник, HER2 рецепторот е прeкумерно присутен на површината на туморските клетки. Тие карциноми уште се познати и како HER2 позитивни. HER2 позитивните карциноми имаат полоша прогноза во споредба со HER2 негативните. Меѓутоа, HER2 претставува мета за моноклоналното антитело trastuzumab, кој се врзува за HER2 рецепторот и го блокира неговото дејство. Одредувањето на прекумерното присуство на HER2 рецепторот кај овие карциноми е предуслов за успешно лекување на истите.2

CD20 (Б лимфоцит антиген) е протеин кој се наоѓа на површината на нормалните и малигните Б лимфоцити. Малигни Б лимфоцити ги среќаваме кај малигните лимфоми и хроничната Б лимфоцитна леукемија.3 Одредувањето на CD20 позитивитетот кај лимфомите е значаен бидејќи истиот претставува антиген за врзување на моноклоналното антитело rituximab.3 Rituximab во комбинација со хемотерапијата е индициран во третман на не-Хочкинов лимфом и хронична лимфоцитна леукемија.4

EGFR (епидермален фактор на раст рецептор) е протеин кој се наоѓа на површината на клетката и е рецептор за епидермалниот фактор на раст.5 Кај 10-15 % од не-ситноклеточните карциноми на бели дробови доаѓа до мутација на генот за EGFR, и се зголемува активноста на рецепторот.6 Тоа доведува до забрзан раст, развој и метастазирање на карциномот. Одредувањето на мутацијата на генот за EGFR е важна бидејќи дава информации дали одредени лекови (т.н. инхибитори на EGFR) ќе делуваат кај пациентот.5

BRAF е протеин киназа кој е кодиран од BRAF генот и игра значајна посредничка улога во MAPK (митоген активирачки протеин киназа) сигналниот пат. MAPK е серија на протеин кинази кои пренесуваат сигнали за регулација на пролиферацијата, диференцијацијата и преживувањето на клетките кај меланомот.7-9 Мутираниот BRAF води кон неконтролирано испраќање на сигнали кон другите протеин кинази (на пр. МЕК митоген активирачка киназа) и екстраклеточната сигнално-поврзана киназа (ERK), придонесувајќи во развојот и пролиферацијата на малигните тумори.9,10 Постојат неколку типови на BRAF мутации кај меланомот, BRAFV600E е присутна кај повеќе од 90 % од случаите на BRAF мутирани меланоми.8,11

Биомаркери во имунотерапија

PD-L1 PD-L1 функционира како „знак за запирање“ што ги деактивира Т-клетките. Блокирање на PD-L1 е еден од начините кој може да спречи деактивирање на Т-клетките во микросредината на ракот, каде што се јавува раст и интеракција со други клетки.13,14

Овие клетки честопати се нарекуваат „тумор инфилтрирани клетки“ и тие исто така можат да имаат одредена експресија на PD-L1.12,13,16-18

Клиничките студии испитуваат дали мерењето на експресијата на PD-L1 на туморските клетки и тумор инфилтрираните клетки може да помогне во предвидување на ефикасноста на одредени лекови или дали мерењето на експресијата на PD-L1 на тумор инфилтрираните клетки е доволно за истата работа.19,20

Канцер имунотерапија и улогата на PDL-1

Референци:

  1. Wikipedia, The Free Encyclopedia,пристапено на 17.09.2014 год.

  2. Wikipedia, The Free Encyclopedia,пристапено на 17.09.2014 год.

  3. Wikipedia, The Free Encyclopedia,пристапено на 17.09.2014 год.

  4. Збирен извештај за особините на лекот MabThera, број на одобрение за ставање на лек во промет: 15-3677/11 и 15-3678/11 од 25.07.2001 год.

  5. Wikipedia, The Free Encyclopedia,пристапено на 17.09.2014 год.

  6. Rosell R, Moran T, Queralt C, et al. Screening for epidermal growth factor receptor mutations in lung cancer. N Engl J Med. 2009;361:958-967

  7. Arkenau H-T, Kefford R, Long GV. Targeting BRAF for patients with melanoma. Br J Cancer 2011;104(3):392–398.

  8. Russo AE, Torrisi E, Bevelacqua Y,et al. Melanoma: molecular pathogenesis and emerging target therapies (review). Int J Oncol. 2009;34(6):1481–1489.

  9. Wan PTC, Garnett MJ, Roe SM, et al. Mechanism of activation of the RAF-ERK signaling pathway by oncogenic mutations of B-RAF.Cell 2004;116(6):855–867.

  10. Lin K, Baritaki S, Militello L, Malaponte G, Bevelacqua Y, Bonavida B. The role of B-RAF mutations in melanoma and the induction of EMT via dysregulation of the NF-κB/Snail/RKIP/PTEN circuit. Genes Cancer 2010;1(5):409–420.

  11. Garnett MJ, Marais R. Guilty as charged: B-RAF is a human oncogene. Cancer Cell 2004;6(4):313–319.

  12. Chen DS, Mellman I. Immunity. 2013. 39:1-10

  13. Chen DS, et al. Clin Cancer Res. 2012. 18:6580-6587

  14. Keir ME, et al. Annu Rev Immunol. 2008. 26:677-704

  15. Quezada SA, Peggs KS. Br J Cancer. 2013. 108:1560-1565

  16. Data on file, Genentech

  17. Pardoll DM. Nat Rev Cancer. 2012. 12:252-264

  18. Sharma P, et al. Proc Natl Acad Sci USA. 2007. 104:3967-3972

  19. Herbst RS, et al. Nature. 2014. 515:563-567

  20. Powles T, et al. Nature. 2014. 515:558-562

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.

КонтактВо светотlinkedinfacebooktwitterinstagramyoutubeCovid-19ЛековиКариераНовостиПерсонализирана здравствена заштитаИзјава за заштита на приватностаПравна изјава