Препораки за лицата со хемофилија во тек на пандемијата на коронавирусот
:quality(90)/)
Во тек на пандемијата на коронавирус која се засилува потребно е сите, како општата јавност така и здравствените работници и пациентите да бидат соодветно информирани. Податоците за коронавирусот и болеста предизивикана од вирусот, COVID-19, се ограничени. Затоа соодветни професионални здруженија, асоцијации и експерти предложуваат општи и специфични мерки и препораки за заштита од заразување и третман на COVID-19 кај специфични групи на пациенти (како на пр., пациенти со малигни болести,со белодробни заболувања,, со невромускулни болести и други).
Неодамна Светската федерација за хемофилија (анг. World Federation of Hemophilia, WFH) предложи практични препораки за лицата со хемофилија во тек на пандемијата на коронавирусот. Информациите се менуваат секојдневно. Ние ќе ги ажурираме информациите како истите стануваат достапни.
За лица со хемофилија кои моментално примаат стан дардни фактори за коагулација или со продолжен полуживот, рекомбинантни фактори VIII и IX, aPCC, активиран фактор VII (FVIIa) или emicizumab
Нема причина за промена на препорачаниот режим на третман
Во овој момент, нема причина да се плашите од проблеми со производството на лекови и медицински средства, нивен недостаток или прекин на ланецот на снабдување со истите
Контактирајте го Центарот за хемофилија доколку резервите дома или во болница Ви се ограничени
Ако се лекувате дома, не земајте повеќе лекови отколку што разумно Ви се потребни. Сепак, неколку дополнителни дози за домашна употреба би Ви биле корисни во случај на какво било доцнење или прекин во снабдувањето
За лица со хемофилија кои моментално примаат плазма деривирани фактори за коагулација VIII или IX
Превземените мерки за деактивирање и елиминација на вируси се доволни за да се уништат вирусите обвиткани со липиди како на пример коронавирусот
Не се препорачува промена на лекот кој го користите
Досега не се откриени прекини во снабдувањето со производи добиени од плазма. Примарна загриженост е намалувањето на колекциите на плазма кои влијаат на производството на производи добиени од плазма во оваа фаза
Дарувањето на крв и плазма продолжува да биде безбеден процес, а потребата за донирање на плазма е голема како и секогаш. Поддршката на сегашните и новите крводарители останува клучна за одржување на соодветно снабдување со крв и плазма за време на пандемијата
Сите Центри за хемофилија и Центри за собирање на крв и плазма се потсетени дека треба да ги следат упатствата за заштита на персоналот и крводарителите за да се спречи ширењето на коронавирусот преку контакт на човек со човек
За лицата со хемофилија кои се лекуваат со други производи добиени од крв кои не се вирусно деактивирани (на пр. криопреципитат, тромбоцити), решенијата за третман треба да се засноваат на клинички анализи на ризик/бенефит, балансирајќи ја безбедноста од нелекување на крваречката епизода и потенцијалниот ризик за добивање на инфекција
Специфични мерки за лицата со хемофилија во насока на намалување на ризикот за контакт со коронавирусот, вирус кој предизвикува COVID-19
Проактивно треба да бидат промовирани сите мерки за намалување на ризикот за контакт со коронавирусот кај лицата со хемофилија кои имаат придружни коморбидитети (кардиоваскуларни заболувања, хипертензија, дебелина, дијабетес, ХИВ, старост) и/или примаат кортикостероиди или други моќни имуносупресивни лекови
Контакт со луѓе, вклучително и лица со помал ризик, деца, е единствената најважна претпазливост за да се избегне инфекција. Останувањето дома и социјалното дистанцирање се најважните постапки кои треба да се применуваат
Намалете ја потребата од посета на здравствени работници во болници. Освен живото-загрозувачките случаи, сите други посети, вклучително и елективните операции треба да се одложат.
Парацетамол (acetaminophen) ја намалува треската без да го инхибира воспалителниот одговор потребен за борба против коронавирусот и се препорачува за лица со нарушувања на крварењето
Дневната доза на парацетамол (acetaminophen) не смее да надминува над 60 mg/kg или максимално 3 g/ден, бидејќи предизвикува оштетување на црниот дроб при поголеми дози
Ibuprofen и други нестероидни антиинфламаторни лекови обично не се препорачуваат кај лицата со нарушувања на крварењето затоа што може да го зголемат крварењето, преку инхибиција на функцијата на тромбоцитите. Покрај тоа, особено се смета дека ибупрофен може да ја влоши COVID-19 болеста или да го зголеми ризикот од инфекција со коронавирус заради надрегулација на влезниот рецептор, ензим за претворање на ангиотензин-2. Сепак денес, доказите кои го поддржуваат ова се ограничени
Специфични хигиенски мерки, како што се редовно миење на рацете со сапун, не допирање на лицето и одржување на растојание од најмалку 2 метри од другите луѓе се клучни за превенција на пренесување на коронавирусот
Специфични мерки во случај на прием во болница на лице со нарушувања на крварењето со инфекција на коронавирус (COVID-19)
Потребна е добра координација и соработка помеѓу болницата каде што е примен пациентот и Центарот за хемофилија