Ракот на белите дробови е...
:quality(90)/)
На секои 14 секунди, на некоj му е поставена дијагноза на рак на белите дробови.¹
Денес, дефиницијата за рак на белите дробови е многу поинаква од онаа од пред 20 години. Тоа што во минатото се третирало како единствена здравствена состојба, денес се препознава како разновидна болест составена од бројни подтипови, од кои сите функционираат поинаку.2-5
Нашето сè поголемо разбирање на науката значи дека луѓето сега можат да се подвргнат на тестови за откривање биомаркери и на третмани коишто се персонализирани врз основа на специфичните генетски карактеристики или имунолошки патишта. Напредокот го промени значењето на дијагнозата на рак на белите дробови; за некои, долгорочното преживување сега веќе е реалност, а не само можност.5,6
Иако правиме значителни чекори во борбата против ракот на белите дробови, напредокот е побавен во споредба со напредокот во однос на другите видови рак. За жал, многу луѓе сè уште се соочуваат со лоша прогноза и не ја добиваат најдобрата можна нега.
:quality(90)/)