Прв пат опишан од страна на италијанскиот лекар Марчело Малпиги како „болест на лимфните јазли и слезината која била фатална“, 1 лимфомот беше официјално опишан од британскиот лекар Томас Хоџкин во 1832 година. Надвор од Хочкиновата болест, идентификувани се и други видови лимфоми, колективно познати како не-Хочкинови лимфоми (НХЛ).3
Група на различни хематолошки малигни заболувања кои започнуваат во органи, како што се лимфните јазли, не-Хочкиновите лимфоми имаат заеднички клучни карактеристики: тие влијаат на белите крвни зрнца познати како лимфоцити и го нарушуваат имунолошкиот систем со текот на времето.5
Развојот и употребата на системи за класификација им помогна на лекарите и истражувачите да обезбедат рамка за подобро разбирање на НХЛ и на крајот доведе до подобри исходи за пациентите.
Класифицирани во две различни категории, во зависност од тоа колку брзо или полека се развива, НХЛ може да биде или агресивен (брзорастечки) или индолентен (бавнорастечки).3
Претставува 30% од новодијагностицирани те случаи на НХЛ,6 ДБГЛ се јавува најчесто кај постари луѓе и бара навремен третман поради агресивната природа. Првиот знак е обично зголемени лимфни јазли, но може да влијае и на други органи надвор од лимфниот систем и се карактеризира со симптоми, вклучувајќи необјаснето губење на телесна тежина, треска и ноќно потење.
Фоликуларниот лимфом претставува приближно 20% од новодијагностицираните случаи на НХЛ. 7 Поради својата бавно растечка природа, многу од симптомите често се појавуваат само кај луѓето во подоцнежните фази на болеста.8 Како резултат на тоа, може да се прошири незабележано низ телото, осум од десет пациенти имаат болест во напредната фаза пр и поставување на дијагнозата.9
При лекување на пациенти со ДБГЛ, излекувањето на болеста е крајната цел.10 Сепак, кај дури 40% од пациентите, ДБГЛ може да се појави повторно - во тој момент држење на болеста под контрола станува фокус на третманот.11
За пациентите со фоликуларен лимфом, третманските цели вклучуваат држење на болеста под контрола, додека се одржува добар квалитет на живот. Иако фоликуларниот лимфом генерално се смета за неизлечлива болест, изборот на третман се подобрува и пациентите можат да останат во ремисија без потреба од третман подолг временски период.12
Со оглед на мноштвото подтипови на лимфоми, континуираното истражување и разбирање на оваа комплексна болест ќе обезбеди пациентите да добијат најдобар можен третман.
Cowan DH. Vera Peters and the curability of Hodgkin disease. Curr Oncol. 2008; 15: 206-10.
Hodgkin T. On Some Morbid Appearances of the absorbent glands and spleen. Med Chir Trans 1832; 17: 68-114.
Lymphoma Research Foundation. About lymphoma. достапно на:
GLOBOCAN 2012. Estimated cancer incidence, mortality and prevalence worldwide. достапно на:
American Society of Hematology. Lymphoma. Достапно на:
Lyon, France: IARC Press. World Health Organization Classification of Tumors of Haematopoietic and Lymphoid Tissues. 2008.
Shankland KR, et al. Non-Hodgkin lymphoma. Lancet. 2012; 380: 848-57.
MedicineNet. Non-Hodgkin's Lymphoma: What are symptoms and signs of non-Hodgkin's lymphoma? Достапно на:
National Institute for Health and Clinical Excellence. Review of TA 110: rituximab for the first-line treatment of stage III-IV follicular lymphoma. Достапно на:
American Cancer Society. Types of non-Hodgkin lymphoma. Достапно на:
Maurer, MJ et al. Event-free survival at 24 months is a robust end point for disease-related outcome in diffuse large B-cell lymphoma treated with immunochemotherapy. J Clin Oncol. 2014; 32: 1066-73.
Liu Q, et al. Improvement of overall and failure-free survival in stage IV follicular lymphoma: 25 years of treatment experience at The University of Texas M.D. Anderson Cancer Center. J Clin Oncol. 2006; 24: 1582-9.
Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.