Лимфомот е малигнитет кој не смее да се игнорира

Оваа година Светскиот ден за подигнување на свесноста за лимфомите е 15 септември 2015 година. Roche ја подржува кампањата на здруженијата на пациенти и охрабрува “да зборуваме за лимфомите”. Целта на оваа кампања не е само да се зголеми свесноста за болеста туку и да се потенцираат потребите на пациентите со лимфоми. Како најчест тип на малигнитет на крвта, лимфомот не смее да се игнорира, бидејќи се откриваат повеќе од 1000 пациенти секој ден.1 Дополнително, малигнитетите на крвта се петти најчест причинител на смрт во светот, и затоа е важно сите да сме информирани за лимфомите. 

Според неодамнешната анкета спроведена од страна на Roche во пет Европски земји*, свесноста за лимфомите е ниска и постои значајна забуна околу неговите знаци и симптоми. Загрижувачки е дека околу третина (32%) од анкетираните лица воопшто не знаеле дека лимфомот е тип на карцином. Дополнително, помалку од четвртина од анкетираните слушнале за не-Хочкинов лимфом (НХЛ), најчестиот тип на лимфом.1

Всушност, секои 90 секунди ширум светот се дијагностицира по еден случај со НХЛ,1 приближно 1 од 50 лица има ризик да заболи од оваа болест во тек на својот животен век.2 Нашата анкета покажа дека само мал дел (4%) од анкетираните лица правилно ги идентификувале ризиците, а повеќе од половина (53%) верувале дека веројатноста да бидат дијагностицирани со рак на кожа, панкреас, бубрег или мозок е поголема. Во реалноста, лимфомот се дијагностицира почесто од сите овие типови на карцином.1

Д-р Сандра Хорнинг, поранешен хематолог, Главен медицински директор и Шеф на одделот за развој на производи во Roche верува дека е од особена важност да зборуваме за лимфомите.

Лимфомот е болест која ги погодува сите возрасни групи, најчесто луѓето на возраст од 65-74 години со тренд на пораст со зголемување на возраста. Резултатите од нашата анкета покажаа дека нивото на свесност за лимфомите е ниско. Од особено значење е да ја подигнеме свесноста за лимфомите, со цел обезбедување најдобар третман и клинички исход за пациентите и континуиран прогрес во истражувањата.

Сеуште постои простор за унапредување во полето на истражување и третман на  лимфомите. Roche како лидер во грижата за карциномите се стреми да одговори на глобалните медицински потреби за кои не постои соодветно решение.

*Околу Европската анкета за лимфоми: Roche овласти независна истражувачка компанија TNS (од Велика Британија) да ја изведе анкетата во мај 2015 година. Истражувањето се одвиваше во 5 европски земји (Франција, Германија, Италија, Шпанија и Велика Британија) и вклучи 1000 учесници од општата јавност од секоја земја. TNS е водечка мулти-истражувачка компанија со глобални достигнувања, чии оперативи имаат големо искуство во собирање на податоци од интернационални извори. Главните цели на анкетата биле да се измери нивото на свесност за лимфомите, особено за не-Хочкиновиот лимфом, и да увиди колку добро јавноста ги разбира симптомите на болеста и нивниот степен на ризик.

Референци:

  1. Ferlay J, et al. GLOBOCAN 2012 v1.0, Cancer Incidence and Mortality Worldwide: IARC CancerBase No. 11 [Internet]. Lyon, France: International Agency for Research on Cancer; 2013. Достапно на: http://globocan.iarc.fr (пристапено на: 09.07.15 год.)

  2. SEER (Surveillance, Epidemiology and End Results) Cancer Statistics Review, 1975-2011. National Cancer Institute; 2014. Достапно на: (пристапено на: 21.07.15 год.)

  3. MedicineNet, Inc. (2011) Non-Hodgkin's Lymphoma: What are symptoms and signs of non-Hodgkin's lymphoma?. Достапно на: (пристапено на: 22.07.15 год.).

Преземања

Превземете го соопштението во pdfДали знаете кој дел од телото е зафатен од лимфомот?Дали знаете кои се симптомите на не-Хочкиновиот лимфом?

Откриј повеќе

Контактирајте го Одделот за медицински информации

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.

КонтактВо светотlinkedinfacebooktwitterinstagramyoutubeCovid-19ЛековиКариераНовостиПерсонализирана здравствена заштитаИзјава за заштита на приватностаПравна изјава