Рош Македонија заедно со неколку пациентски и граѓански здруженија се придружи кон глобалното движење кое го предводи Унијата за меѓународна контрола на рак и има за цел да ги намали разликите во пристапот до навремена дијагноза и соодветен третман на ракот

  • Рош Македонија веќе 25 години, посветено работи да се намалат разликите во достапноста на навремена дијагноза и соодветен третман на ракот  и да се овозможат најдобри исходи за пациентите.

  • Ги повикуваме сите да се придружат кон кампањата затоа што само со партнерство можеме да постигнеме вистински напредок и да го намалиме товарот од ракот на пациентите, нивните семејства и општеството. 

  • Декларација за борба против рак - платформа за соработка меѓу пациентските/граѓански здруженија со цел намалување на јазот на нееднаква здравствена грижа за сите онколошки пациенти.

Светскиот ден за ракот, 4 февруари се одбележува како дел од глобалното движење кое го предводи Унијата за меѓународна контрола на рак. Целта на ова движење е да се трансформира справувањето со ракот и да се зачуваат животите на луѓето преку навремена  детeкција на превентабилните канцери и обезбедување на соодветен третман достапен за сите пациенти без оглед на тоа каде живеат и што работат. Мотото на тригодишната камапања Close the care gap истакнува впреку унапредување на превентивните мерки, дијагнозата, третманот и нивна достапност за сите важноста на намалувањето на неднаквостите во пристапот до соодветна здравствена грижа,  преку обезбедување достапна  и соодветена превенција, дијагноза и третман за сите.

За да се постигнат реални и одржливи промени во здравјето на луѓето и заедницата,  мора да работиме заедно! Во РОШ, ги поддржуваме стратешките партнерства и соработки. Со формирање на партнерства меѓу пациентските организации, јавните власти, здравствените професионалци и фармацевтската индустрија, како и преку разбирање и адресирање на потребите на пациентите, можеме да оствариме системски промени се со цел да се намали нееднаквоста во обезбедување на здравствена грижа. 

Поттикнати заедно, со иста цел, го одбележавме денот и ја официјализиравме нашата заедничка заложба за унапредување на здравствениот систем во Р.С. Македонија и намалување на јазот во нееднаквата здравствена грижа. Во склоп на одбележувањето на денот на ракот, се одржа работилница „За еднаков пристап до здравствена грижа” на која беа акцентирани  приоритетите за соработка и потпишавме Декларација за борба против рак кон која се приклучија следниве пациентски/граѓански здруженија:

  • Живот со Предизвици - Здружение на граѓани со ретки болести

  • ХЕМА-ОНКО - Здружение посветено на пациенти со рак и нивни негуватели

  • Фемина М - Здружение за помош и поддршка на пациенти со гинеколошки заболувања 

  • Хепар Центар

  • JИА - СКОПЈЕ - Здружението на родители на деца со јувенилен идиопатски артритис 

  • ЕСЕ - Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените 

  • МЗМП - Македонското здружение на млади правници

  • САНО - Здружение за подобро здравство, образование и социјална грижа 

Декларацијата говори гласно за тоа што е важно за нас! Да се намали јазот во пристапот до соодветна и современа здравствена грижа за сите пациенти со рак во Р.С. Македонија, само тогаш ќе направиме суштествени промени во здравството и  поубава иднина за сите! 

Основана во 1896 година во Базел, Швајцарија, како еден од првите индустриски производители на брендирани лекови, „Рош“ прерасна во најголемата светска биотехнолошка компанија и глобален лидер во ин-витро дијагностика. Компанијата се стреми кон научна извонредност за откривање и развој на лекови и дијагностика за подобрување и спасување на животите на луѓето ширум светот. Ние сме пионери во персонализираната здравствена заштита и сакаме дополнително да го трансформираме начинот на кој се обезбедува здравствената заштита за да има уште поголемо влијание. За да обезбедиме најдобра грижа за секоја личност, ние соработуваме со многу засегнати страни и ги комбинираме нашите силни страни во дијагностика и фармација со податоци од клиничката пракса.

Препознавајќи го нашиот напор да продолжиме со долгорочна перспектива во сè што правиме, Рош е прогласен за една од најодржливите компании во фармацевтската индустрија од страна на Индексите за одржливост на Dow Jones петнаесета последователна година. Оваа разлика, исто така, ги одразува нашите напори за подобрување на пристапот до здравствена заштита заедно со локалните партнери во секоја земја во која работиме.

Genentech, во Соединетите Американски Држави, е членка во целосна сопственост на групацијата „Рош“. „Рош“ е мнозински акционер на Chugai Pharmaceuticals, Јапонија.

За повеќе информации, посетете ја веб страницата 

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.

КонтактВо светотlinkedinfacebooktwitterinstagramyoutubeCovid-19ЛековиКариераНовостиПерсонализирана здравствена заштитаИзјава за заштита на приватностаПравна изјава