Александра Ивановска, Генерален директор на Рош Македонија и Косово, е избрана за нов член на Одборот на директори на Американската стопанска комора во Северна Македонија

Александра Ивановска, Генерален директор на Рош Македонија и Косово, е избрана за нов член на Одборот на директори на Американската стопанска комора во Северна Македонија. АмЧам е комора во која членуваат над 140 субејкти во државата, а чија цел е застапување на интересите на членките, вмрежување, размена на искуства и подобрување на деловното опкружување. Изборот се спроведе на Генералното собрание на АмЧам кое се одржа на 21 ноември. 

  • Рош Македонија е членка на АмЧам од 2014 година. Изминатите години Рош даде значителен придонес во активностите на комората, првенствено во Комитетот за здравство, кој беше повторно активиран токму на иницијатива на Рош во 2021 година, и со кој претседава Александра Ивановска. Под нејзино водство Комитетот оствари повеќе резултати, меѓу кои две годишни конференции за здравство, промени во здравствената политика особено во делот на позитивната листа на лекови, и воспоставена соработка со властите. Рош има поддржано и учествувано и во други проекти на комората, меѓу кои се Економски и финансиски форум - Скопје СЕФФ 2022 година, групата за донации и спонзорства и други.

  • Со изборот во Одборот на директори, Александра ќе го вложи својот капацитет и искуство во унапредување на севкупното работење на комората за подобра бизнис клима. На Генералното собрание беа избрани уште тројца нови членови на Одборот на директори: Иван Костиќ, Генерален директор на „Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп“; Душан Митрев, Генерален директор на „Пивара Скопје“, и Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје.

Основана во 1896 година во Базел, Швајцарија, како еден од првите индустриски производители на брендирани лекови, „Рош“ прерасна во најголемата светска биотехнолошка компанија и глобален лидер во ин-витро дијагностика. Компанијата се стреми кон научна извонредност за откривање и развој на лекови и дијагностика за подобрување и спасување на животите на луѓето ширум светот. Ние сме пионери во персонализираната здравствена заштита и сакаме дополнително да го трансформираме начинот на кој се обезбедува здравствената заштита за да има уште поголемо влијание. За да обезбедиме најдобра грижа за секоја личност, ние соработуваме со многу засегнати страни и ги комбинираме нашите силни страни во дијагностика и фармација со податоци од клиничката пракса.

Препознавајќи го нашиот напор да продолжиме со долгорочна перспектива во сè што правиме, Рош е прогласен за една од најодржливите компании во фармацевтската индустрија од страна на Индексите за одржливост на Dow Jones тринаесетта последователна година. Оваа разлика, исто така, ги одразува нашите напори за подобрување на пристапот до здравствена заштита заедно со локалните партнери во секоја земја во која работиме.

Genentech, во Соединетите Американски Држави, е членка во целосна сопственост на групацијата „Рош“. „Рош“ е мнозински акционер на Chugai Pharmaceuticals, Јапонија.

За повеќе информации, посетете ја веб страницата 

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.

КонтактВо светотlinkedinfacebooktwitterinstagramyoutubeCovid-19ЛековиКариераНовостиПерсонализирана здравствена заштитаИзјава за заштита на приватностаПравна изјава