Согласно заклучоците, мерките и препораките на Владата и Министерството за здравство во однос на појавата и ширењето на корона вирусот, донесовме неколку важни одлуки.

Внимателно го следиме развојот на пандемијата на COVID-19 која за жал продолжува да ескалира ширум светот. Пандемијата на корона вирусот ги ​​погодува луѓето и општеството на глобално ниво.

Согласно заклучоците, мерките и препораките на Владата и Министерството за здравство во однос на појавата и ширењето на корона вирусот, Рош Македонија ДООЕЛ Скопје неодамна донесе одлука да спроведе задолжително работење од дома. Оваа одлука ќе обезбеди заштита за нашите вработени и целокупното општество, преку ограничување на директната социјална интеракција на минимум. За возврат, ова треба да придонесе за побезбедна околина за сите нас и спроведување на сите наши деловни активности кои прават значајна разлика во здравјето и животот на луѓето.

Ние исто така имаме одговорност да продолжиме со нашата работа преку поддршка на здравствениот систем кај нас, грижејќи се за пациентите кои се потпираат на нашите продукти и услуги во овие тешки времиња. Затоа ќе сториме сé што е во наша моќ да ја одржиме деловната и научната соработка на соодветно ниво користејќи ги сите достапни дигитални канали.

Би сакале да споделувиме со вас список на предложени дигитални канали преку кои можеме да комуницираме, да се едуцирате и да се информирате:

  • Веб страницатаима многу корисни и интересни содржини, како и видеа на разни медицински теми. Во текот на следните неколку дена, ќе создадеме посебен сегмент посветен на инфекцијата со COVID-19, каде ќе има корисни информации;

  • Веб форматави овозможува директно да поставите прашање до Одделот за медицински информации кој за Вас може да обезбеди детални одговори подготвени врз принципите на медицина базирана на докази како: преглед на научна литература; селекција на научни публикации за нашите лекови и услуги; најнови резултати од клиничките студии со лекови на Рош. Слободно споделете која било од вашите професионални проблеми или потреби со нас на овој начин, и ние ќе го доставиме вашиот одговор што е можно поскоро;

  • Интернационалната медицинска платформачија цел е размена на информации за развојот во научните истражувања презентирани на научни конгреси за болестите во различни медицински специјалности;

  • Сите вработени во Рош ви се достапни преку телефон или електронска пошта 24 часа. Во случај да немате релевантен контакт од компанијата во овој момент, Ве молиме слободно контактирајте нé наи

  • Апликациите како Viber, WhatsApp, Hangouts и други, исто така, можат да бидат многу кориснa алатка за комуникација што би можеле да ги користиме за да комуницираме во оваа ситуација.

Грижете се за себе и за вашите најблиски.

ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ Е ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ. ОД НАС ЗАВИСИ.

„Рош“ е глобален пионер на полето на фармацијата и дијагностиката насочен кон унапредување на науката заради подобрување на животот на луѓето. Обединетите сили на фармацијата и дијагностиката под еден покрив го направија „Рош“ лидер во персонализираната медицина - стратегија чија цел е лекувањето да се приспособи кон секој пациент на најдобар можен начин.

„Рош“ е најголемата биотехнолошка компанија во светот, со вистински диференцирани производи во областа на онкологијата, имунологијата, заразните болести, офталмологијата и болестите на централниот нервен систем. Исто така, „Рош“ е светски лидер за ин-витро дијагностика, ткивна канцер-дијагностика и предводник во контролата на дијабетесот.

Основан во 1896 година, „Рош“ и натаму бара подобри начини за спречување, дијагностицирање и лекување на болестите, и дава одржлив придонес кон општеството. Компанијата е насочена и кон подобрување на пристапот на пациентите до медицински иновации, преку соработка со сите релевантни чинители. Триесет лекови развиени од „Рош“ се вклучени во модел-листите со основни (есенцијални) лекови на Светската здравствена организација, меѓу кои и антибиотици за спасување на животот, антималарици и лекови против рак. Девет години по ред, во Индексите за одржливост на Dow Jones (DJSI), „Рош“ е потврден како лидер на групацијата во смисла на одржливост, во рамките на индустријата за лекови, биотехнологија и природните науки.

Групацијата „Рош“ со седиште во Базел, Швајцарија, е активна во повеќе од 100 земји и во текот на 2017 година бројот на вработените беше повеќе од 94.000 луѓе ширум светот. Во 2017 година, „Рош“ инвестираше 10,4 милијарди швајцарски франци во истражување и развој и прикажа продажба од 53,3 милијарди швајцарски франци. Genentech, во Соединетите Американски Држави, е членка во целосна сопственост на групацијата „Рош“. „Рош“ е мнозински акционер на Chugai Pharmaceuticals, Јапонија.

Сите заштитени имиња употребени или споменати во ова соопштение се заштитени со закон.

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.

КонтактВо светотlinkedinfacebooktwitterinstagramyoutubeCovid-19ЛековиКариераНовостиПерсонализирана здравствена заштитаИзјава за заштита на приватностаПравна изјава