„Рош Македонија“ донира средства за реновирање на ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија

„Рош Македонија“ донираше 320.000 денари за реновирање на ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија во Скопје. Донацијата од „Рош“ – една од водечките фармацевтски компании во Македонија – се состои од квалитетна медицинска опрема, сервисирање на старите столови за примање хемотерапија, набавка на нови столови за примање хемотерапија, набавка на држачи за инфузиска терапија и санирање на Дневната болница.

„Нашата клиника секојдневно се труди да им излезе во пресрет на сите пациенти и да ги задоволи нивните потреби. Но, бројот на пациенти со малигни хематолошки болести што се лекуваат на Клиниката е во постојан пораст, па поради тоа се појави потреба од подобрување на условите во Дневната болница. „Рош“, како партнер од доверба во здравството, ја согледа нашата потреба и ни помогна во поддршката на болните со хематолошки малигни болести што се лекуваат на нашата клиника. Во мое лично име и во име на организациската директорка, дипл. екон. Маја Дерменџиев, и на сите вработени во Универзитетската клиника за хематологија би сакала да изразам огромна благодарност за овој хуман чин“, изјави медицинската директорка на ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија, проф. д-р Лидија Чевреска.

„Активно сме вклучени во поддршката на здравствениот систем во Македонија преку многубројни инвестиции чијашто цел е подобрување на повеќе области, но со особен фокус на онкологијата и на хематологијата. Тука спаѓаат донации, професионална обука, инфраструктурни проекти и клинички испитувања. Само во последните три години висината на инвестициите достигна повеќе од пет милиони евра.

Нашата инвестиција од 320.000 денари за подобрување на условите во Дневната болница при Универзитетската клиника за хематологија во Скопје и за севкупната добросостојба на пациентите е продолжување на важните инвестиции во Македонија“, изјави директорот на Балканскиот регионален центар на „Рош“, г. Уфук Апајдин.

„Рош“ е една од водечките фармацевтски компании во Македонија и еден од најголемите иноватори во областа на онколошки лекови и дијагностика. Компанијата функционира во Република Македонија повеќе од 15 години, а во април 2015 година канцеларијата во Скопје беше промовирана во регионален центар за Балканот и ги покрива Албанија, Косово, Црна Гора и Молдавија.

„Во последните 15 години се трудевме на болните од рак во Македонија да им обезбедиме третман од светски стандард, а истовремено да помогнеме и во подобрување на здравствениот систем. Решени сме да работиме во партнерство со здравствените власти за наоѓање заеднички решенија за поздрави и попродуктивни семејства во Македонија“, додаде г. Апајдин. 

„Рош“ е светски пионер во фармацевтски производи и дијагностика, фокусиран на унапредување на науката за да се подобри животот на луѓето.

„Рош“ е најголемата биотехнолошка компанија во светот со навистина разновидни лекови за онкологија, имунологија, заразни болести, офталмологија и болести на централниот нервен систем. „Рош“, исто така, е светски лидер во дијагностиката за биомедицинско потпомогнато оплодување, дијагностиката за рак базирана на ткиво и предводник во справувањето со дијабетесот. Комбинацијата од фармацевтски производи и дијагностика го направи „Рош“ лидер во персонализираната медицина – стратегија чијашто цел е да се одбере вистинскиот третман за секој пациент на најдобар можен начин.

Основана во 1896 година, „Рош“ продолжува со потрагата како на подобар начин да се спречат, дијагностицираат и лекуваат болести, и со одржлив придонес на општеството. Дваесет и девет лека развиени од „Рош“ се вклучени во модел-листата на неопходни лекови на Светската здравствена организација, меѓу кои се антибиотици, антималарици и лекови за рак. „Рош“ седум години по ред го добива признанието лидер во групата за одржливост во фармацевтската и во биотехнолошката индустрија од индексот Даун Џонс (Down Jones).

Групацијата „Рош“, со седиште во Базел, Швајцарија, е активна во повеќе од 100 земји, а во 2015 година во „Рош“ беа вработени повеќе од 91.700 лица во светот. Во 2015 „Рош“ инвестираше 9,3 милијарди швајцарски франци во истражување и во развој, и оствари продажба од 48,1 милијарди швајцарски франци. „Genentech“ во САД е членка на групацијата „Рош“. „Рош“ е сопственик на мнозинскиот дел од акциите во „Chugai Pharmaceutical“ од Јапонија.

За повеќе информации посетете го веб-сајтот

Преземања

Превземете го соопштението во pdf

Откриј повеќе

Контактирајте го Одделот за медицински информации

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.

КонтактВо светотlinkedinfacebooktwitterinstagramyoutubeCovid-19ЛековиКариераНовостиПерсонализирана здравствена заштитаИзјава за заштита на приватностаПравна изјава