Gazyva го продолжи времето на преживување без влошување на болеста кај пациенти со рефракторен индолентен не-Хочкинов лимфом
Скопје, 10.06.2015
GADOLIN е втора позитивна фаза III студија од клиничкиот програм за развој на Gazyva.
Roche ќе ги поднесе податоците од GADOLIN студијата до регулаторните органи во САД, Европа и до другите регулаторни тела во светот.
Roche (SIX: RO, ROG; OTCQX: RHHBY) неодамна објави резултати од фаза III GADOLIN студијата која покажа дека Gazyva® (obinutuzumab) плус bendamustine во траење од 6 циклуси по што следува Gazyva како монотерапија има сигнификантен бенефит кај пациенти со индолентен не-Хочкинов лимфом (иНХЛ) рефрактерни на MabThera® базирана терапија.
Студијата покажала дека пациентите третирани со Gazyva плус bendamustine кои продолжиле да примаат Gazyva како монотерапија во споредба со bendamustine како монотерапија го намалиле ризикот за влошување на болеста или смрт (преживување без прогресија на болеста) за 45 % (HR=0.55, p=0.0001).