Herceptin® (trastuzumab) – Нова субкутана формулација

На 16. Декември 2014 година во Скопје се одржа промотивен состанок во организација на РОШ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, под наслов Herceptin® (trastuzumab) – Нова субкутана формулација.

Фокусот на програмата бeше поставен на придобивките од употреба на иновативната субкутана формулација на Herceptin® во третман на HER2 позитивен карцином на дојка.  Состанокот овозможи размена на знаење и искуства со поканетиот предавач Жозеф Глигоров, MD, PhD, медицински онколог од APHP Tenon, University Cancer Institute – Pierre and Marie Curie, Sorbonne University од Франција, кој одржи воведно предавање на тема „Herceptin® SC – од развој, преку клиничка релевантност до клиничка пракса“ по кое следеше дискусија со истакнати онколози од Македонија на неколку теми, меѓу кои преферирање на пациенти и здравствени работници во однос на начинот на администрација и оптимизирање на клиничките ресурси со воведување на субкутаната формулација во клиничка пракса.

На истиот состанок земаа учество повеќе од 80 македонски лекари кои се вклучени во дијагностицирањето и лекувањето на карциномот на дојка.

Откриј повеќе

Контактирајте го Одделот за медицински информации

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.

КонтактВо светотlinkedinfacebooktwitterinstagramyoutubeCovid-19ЛековиКариераНовостиПерсонализирана здравствена заштитаИзјава за заштита на приватностаПравна изјава