Рош Македонија добитник на наградата за најинвентивна практика за 2016 година

Компанијата Рош Македонија со две национални награди за најдобри општествено одговорни практики

Проектот Сподели светлина на Рош Македонија насочен кон унапредување на степенот на информираност и свесност на јавноста за потребите на сите лица со оштетен вид и нивните семејства во Р. Македонија е добитник на две награди, меѓу кои и наградата за најинвентивна практика од проектите за општествена одговорност за 2016 година. За оваа награда конкурираа речиси 40 доставени проекти во постојните пет категории: односи кон вработените, етичко управување, односи на пазарот, однос кон животната средина и вложување во заедницата.

Повеќе од еден век компанијата Hoffmann – La Roche Ltd., Базел, Швајцарија, пренасочува дел од своите финансиски и човечки ресурси во проекти за општествена одговорност, во стимулирање на науката и промовирање културни активности на глобално ниво. 

Рош Македонија како дел од заедницата во Р. Македонија се стреми за подобрување на квалитетот и условите за живот на сите граѓани, а особено на ранливите и маргинализираните групи граѓаниво партнерство со институциите на системот и сите релевантни партнери што делат иста визија и вредности.

Директорот на одделот за Market Access на Рош Македонија, Ернест Дебрешлиоски, изјави: „Како општествено одговорна компанија секогаш одиме многу понапред, откривајќи нови можности. Така и овој пат започнавме проект, кој не се сведе на еднократна донација. Проектот Сподели светлина на долг рок помага во решавањето на суштинските потреби на лицата со оштетен вид и придонесува за градење на нивните вештини за полесно вклучување во заедницата“.

РОШ Македонија го започна проектот Сподели светлина во јануари 2015 година заедно со своите партнери- Црвениот крст на град Скопје, Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ и Националниот сојуз на слепи лица на Р. Македонија.

Проектот Сподели светлина беше  поделен во неколку фази, секоја фаза насочена кон различна возрасна група, сè со цел да се допре до сите лица со оштетен вид во нашата земја. Преку реализирање на овој проект, се подигнува степенот на социјализација на лицата со оштетен вид, се организираа работилници и истражувања за детектирање на постојните потреби на овие лица. Исто така, овој проект го поттикна волунтаризмот на вработените во компанијата, кои активно се вклучени во изнаоѓање решенија за проблемите на оваа ранлива група граѓани и привлекување нови партнери.

„Горди сме што сме препознаени за иновативен пристап во решавање на проблемот со инклузија на лицата со оштетен вид. Но уште повеќе нè радува фактот што се идентификувани нови партнери, кои се спремни да се вклучат со своите финансиски и човечки ресурси во проектот Сподели светлина. Заедно можеме да направиме вистинска разлика“, додава директорот на одделот за Market Access на Рош Македонија,  Ернест Дебрешлиоски.

Рош е светски лидер во истражувањата фокусирани кон заштита на здравјето, како во полето на фармацијата така и во дијагностиката. Рош е најголема светска биотехнолошка компанија со вистински диференцирани производи во областа на онкологија, имунологија, вирусологија, офталмологија како и заболувања на централниот нервен систем. Рош е исто така светски лидер во in-vitro дијагностиката, ткивната канцер дијагностика и пионер во справувањето со дијабетесот. Комбинацијата од фармацевтски производи и дијагностика под еден покрив го направија Рош лидер во персонализиранaтa медицина – стратегија чија цел е да се одбере вистинскиот третман за секој пациент пооделно на најдобар можен начин.

Основана во 1896 година, Рош продолжува со потрагата по подобар начин да се спречат, дијагностицираат и лекуваат болести и за одржлив придонес на општеството. Дваесет и девет лекови пронајдени од Рош, антибиотици, антималарици и хемотерапевтици, се вклучени во Модел Листата на значајни лекови на Светската Здравствена Организација. Рош седум години по ред го добива признанието Лидер во групата за одржливост во фармацевтската и биотехнолошката индустрија од Down Jones индексот.

Групацијата Рош, со седиште во Базел, Швајцарија, е активна во повеќе од 100 земји и во 2015 година во неа работеа повеќе од 91.700 лица во светот. Во 2015 година, групацијата Roche имаше над 88.500 вработени во светот и инвестираше 9,3 милијарди швајцарски франци во истражувања и развој. Компанијата прикажа продажба од 48,1 милијарди швајцарски франци. во Соединетите Американски Држави, е во сопственост на Roche групацијата, која има и мнозински дел од акциите на Chugai Pharmaceutical, Јапонија. Компанијата Рош е присутна во Македонија од 1999 година и вработени се околу 30 лица во областа на лекови и грижа за дијабетесот.

Сите заштитени имиња употребени или споменати во ова соопштение се заштитени со закон.

Преземања

Превземете го соопштението

Откриј повеќе

Контактирајте го Одделот за медицински информации

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.

КонтактВо светотlinkedinfacebooktwitterinstagramyoutubeCovid-19ЛековиКариераНовостиПерсонализирана здравствена заштитаИзјава за заштита на приватностаПравна изјава