На овој начин Roche ја продолжува традицијата. Имено, во 2009 и 2010 година Roche на ваков симболичен начин им ја честиташе Новата година и празниците на дечињата од Центарот за цистична фиброза при Клиниката за детски болести во Скопје.
Освен преку Новогодишните пакетчиња Roche во изминатиот период направи напори да им ја олесни состојбата и да ги подобри условите во кои се третираат дечињата со цистична фиброза и на тој начин што помогна во реновирање на просторијата за пациентите и лекарскиот кабинет во Центарот за цистична фиброза при Клиниката за детски болести во Скопје. Исто така, со цел да се поедностави примањето на неопходната терапија беа донирани 20 инхалатори за децата со цистична фиброза.
Roche и во иднина, како дел од своите заложби за подршка на општествено корисни активности и проекти ќе се залага за подобрување и унапредување на условите во здравството, со крајна цел подобрување на квалитетот на живот на дечињата со цистична фиброза.
Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.