Roche презентираше нови клинички податоци за различни хематолошки заболувања на Годишниот состанок на Американското здружение за хематологија во 2015 година

  • Gazyva, истражувачките лекови venetoclax и ACE910 се меѓу лековите кои биле презентирани на состанокот

  • Резултати од студијата GADOLIN за Gazyva поднесени до здравствените власти; приоритетниот преглед доделен од Американската агенција за храна и лекови

Roche (SIX: RO, ROG; OTCQX: RHHBY) соопшти дека повеќе од 45 апстракти од кои осум се за веќе одобрени или истражувачки лекови биле презентирани во тек 57от Годишен состанок на Американското здружение за хематологија (ASH) од 5-8 декември во Орландо, САД. Апстрактите вклучувале повеќе од 15 орални презентации со широк спектар на целни терапии и нивни комбинации, како и различни клинички крајни точки кои Roche ги истражува во различни хематолошки заболувања и третмански линии.

“Нашите податоци презентирани на состанокот на Американското здружение за хематологија оваа година ја покажаа еволуцијата на нашето хематолошко портфолио и прикажаа потенцијални идни пристапи во помагање на лицата со хематолошки малигнитети и заболувања”, изјави д-р Сандра Хорнинг, Главен медицински директор и Шеф на одделот за развој на производи во Roche. “Особено сме задоволни од студиите кои ги евалуираат новите комбинации на Gazyva со venetoclax, како и студиите кои го испитуваат потенцијалното клиничко значење на минималната резидуална болест”.

Презентирани биле и резултати од студии за Gazyva во комбинација со други лекови, како што се фаза IIIb GREEN студија, пивотна CLL11 студија и GADOLIN студија. Резултатите од GREEN студијата вклучувале податоци за Gazyva во комбинација со bendamustine кај претходно нетретирани пациенти со хронична лимфоцитна леукемија (ХЛЛ). Roche истотака ги сподели и обновените резултати од фаза III CLL11 студијата, кои беа основа за регистрација на Gazyva кај претходно нетретирани пациенти со ХЛЛ во комбинација со chlorambucil. Презентирани биле и дополнителни податоци од фаза III GADOLIN студијата за Gazyva кај пациенти со индолентен не-Хочкинов лимфом рефрактерни на MabThera (rituximab) базирани терапии, кои се додаваат на позитивните резултати презентирани на Годишниот состанок на Американското здружение за клиничка онкологија (ASCO) јуни оваа година.

Roche ги презентираше и сознанијата од повеќе студии кои укажуваат на потенцијалната улога на минималната резидуална болест при третман на одредени хематолошки малигнитети. Истотака биле прикажани и податоци за истражувачкиот лек ACE910, на кој неодамна Американската агенција за храна и лекови (FDA) во САД му додели Breakthrough Therapy ознака за профилакса кај лица со 12 години или постари со хемофилија А и инхибитори на фактор VIII.

Одделно, Американската агенција за храна и лекови го прифатила приоритетниот преглед на суплементни Биолошки Лиценцирани Апликации на компанијата за Gazyva во третман на пациенти со фоликуларен лимфом со релапс, или се рефрактерни на rituximab базирани терапии, базирано на резултатите од GADOLIN студијата. Апликации за одобрување на Gazyva биле поднесени и до други здравствени власти, вклучувајќи ја Европската агенција за лекови, за разгледување на одобрение за третман на пациенти со фоликуларен лимфом кои не одговориле или имале прогресија на болеста во тек на 6 или повеќе месеци после третман со rituximab или со режим кој содржи rituximab.

Преглед на клучни апстракти кои прикажале податоци за лекови на Roche во тек на 57от Годишен состанок на Американското Здружение за хематологија.

Пред повеќе од 20 години, Roche го започна развојот на лекови кои го менуваат третманот на повеќе заболувања во хематологијата. Денес, Roche инвестира повеќе од било кога во обидот да пронајде иновативни третмански опции за луѓето со хематолошки заболувања. Како дополнение на одобрените лекови MabThera (rituximab) и Gazyva (obinutuzumab), во Roche се работи на подготовка на потенцијални хематолошки лекови, кои вклучуваат anti-PDL1 антитело (atezolizumab/MPDL3280A), anti-CD79b антитело-лек конјугат (RG7596/polatuzumab vedotin), мала молекула антагонист на MDM2 (RG7388/idasanutlin) и во соработка со AbbVie, мала молекула BCL-2 инхибитор (venetoclax/RG7601/GDC-0199/ABT-199). Roche е посветен на откривање на нови молекули не само за третман на хемато-онколошките заболувања туку и за третман на хемофилија А ACE910.  

Седиштето на компанијата е во Базел, Швајцарија. Roche е лидер во истражувањата фокусирани кон заштита на здравјето, како во полето на фармацијата така и во дијагностиката. Roche е светска најголема биотехнолошка компанија со вистински диференцирани производи во областа на онкологија, имунологија, вирусологија, офталмологија како и заболувања на централниот нервен систем. Roche е исто така светски лидер во in-vitro дијагностиката, ткивната канцер дијагностика и пионер во справувањето со дијабетесот. Стратегијата на Roche за развој на персонализирана медицина овозможува обезбедување на лекови и дијагностички средства кои значително го подобруваат здравјето, квалитетот на животот и преживувањето на пациентите. Основана во 1896 година, Roche значајно придонесува за глобалното здравје повеќе од еден век. Дваесет и девет лекови пронајдени од Roche, антибиотици, антималарици и хемотерапевтици, се вклучени во Модел Листата на значајни лекови на Светската Здравствена Организација.

Во 2014 година, групацијата Roche имаше над 88.500 вработени во светот и инвестираше 8,9 милијарди швајцарски франци во истражувања и развој. Компанијата прикажа продажба од 47,5 милијарди швајцарски франци.во Соединетите Американски Држави, е во сопственост на Roche групацијата, која има и мнозински дел од акциите на Chugai Pharmaceutical, Јапонија. За повеќе информации, Ве молиме посетете ја веб страната

Сите заштитени имиња употребени или споменати во ова соопштение се заштитени со закон.

Преземања

Превземете го соопштението во pdf

Откриј повеќе

Контактирајте го Одделот за медицински информации

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.

КонтактВо светотlinkedinfacebooktwitterinstagramyoutubeCovid-19ЛековиКариераНовостиПерсонализирана здравствена заштитаИзјава за заштита на приватностаПравна изјава