Фармацевтската компанија РОШ Македонија промовира нов лек за хематолошки малигнитети во рамките на Вториот Конгрес на Здружението за хематологија на Mакедонија

Уште неколку дена остануваат до почетокот на Вториот Конгрес на Здружението за хематологија со интернационално учество, кој ќе се одржи во периодот од 18-20 април 2017 година, во хотел Мериот, Скопје.

Генерален спонзор на овој Конгрес е фармацевтската компанија РОШ Македонија ДООЕЛ Скопје, која што во склоп на самиот Конгрес ќе има два настани на 19ти април, од кои што едниот е едукативен симпозиум за унапредување на третманот на пациентите со фоликуларен лимфом: „Како да ги имплементираме податоците од клиничките студии во секојдневната пракса“, а вториот е промотивен настан посветен за новиот лек Gazyva, производ на „Рош“ којшто претставува супериорен третман за пациентите со хронична лимфоцитна леукемија и фоликуларен лимфом со значително подобрување на исходот од третманот за пациентите.

‘Присуството на повеќе од 17 години на „Рош“ во Македонија се основа за долготрајна историја во оваа земја и за постојана соработка за подобрување на македонското здравство. Наш најголем придонес кон подобрувањето на здравството е развивањето на подобри лекови и дијагностички тестови. Но пациентите би имале корист од нив само доколку тие им бидат достапни. За да се оствари оваа визија, ние мора да работиме во партнерство со македонската Влада, со здравствените власти, инвеститорите, невладините и другите организации на сите можни нивоа. На тој начин македонските пациенти ќе имаат пристап до иновативните решенија за спасување животи, што пак, од друга страна, ќе доведе до поздрави и попродуктивни граѓани. Подготвени сме да продолжиме со инвестирање во повеќе сфери, како што е поддршката за обука на здравствениот кадар, но и со подобрување на здравствената инфраструктура во Македонија во корелација со потребите и налагањата на здравствените институции’, истакна директорот на РОШ Македонија, г. Уфук Апајдин.

На конгресот ќе учествуваат повеќе од 30 еминентни експерти од Македонија, Европа и Америка, а најавена е посетеност од повеќе од 100 здравствени работници од Р. Македонија и регионот. Програмата на конгресот е дизајнирана да биде стимулативна и интерактивна, помеѓу другото и со едукативна содржина со цел да се по­до­бри­ ра­на­та ди­јаг­но­сти­ка и ис­хо­дот од трет­ма­нот на пациентите со хематолошки заболувања преку еду­ка­ци­ја на здравствените работници за бенефитите на најсовремената терапија, како и поволностите од овие терапии за пациентите и за здравствениот систем.

„Рош“ е светски лидер во истражувањата фокусирани кон заштита на здравјето, како во полето на фармацијата така и во дијагностиката. Комбинацијата од фармацевтски производи и дијагностика под еден покрив го направија „Рош“ лидер во персонализиранaтa медицина – стратегија чија цел е да се одбере вистинскиот третман за секој пациент пооделно на најдобар можен начин.

„Рош“ е светска најголема биотехнолошка компанија со вистински диференцирани производи во областа на онкологија, имунологија, вирусологија, офталмологија како и заболувања на централниот нервен систем. „Рош“, исто така е светски лидер во in-vitro дијагностиката, ткивната дијагностика за канцер и пионер во справувањето со дијабетесот.

Основана 1896 година, „Рош“ и понатаму продолжува да бара подобри начини на превенција, дијагноза и лекување на заболувањата и да даде одржлив придонес во општеството. Компанијата, исто така, има за цел подобрување на пристапот на пациентите до медицинските иновации преку соработка со сите релевантни чинители. Дваесет и девет лека пронајдени од „Рош“, антибиотици, антималарици и лекови за малигни болеси, се вклучени во модел листата на значајни лекови на Светската здравствена организација. „Рош“ осум години по ред го добива признанието Лидер во групата за одржливост во фармацевтската и биотехнолошката индустрија од Down Jones индексот.

Групацијата „Рош“, со седиште во Базел, Швајцарија, е активна во повеќе од 100 земји и во 2016 година во неа работеа повеќе од 94.000 лица во светот. Во 2016 година, групацијата Roche инвестираше 9,9 милијарди швајцарски франци во истражувања и развој. Компанијата прикажа продажба од 50,6 милијарди швајцарски франци.во Соединетите Американски Држави, е во сопственост на Roche групацијата, која има и мнозински дел од акциите на Chugai Pharmaceutical, Јапонија. Компанијата Рош е присутна во Македонија од 1999 година и вработени се околу 30 лица во областа на лекови и грижа за дијабетесот.

Сите заштитени имиња употребени или споменати во ова соопштение се заштитени со закон.

Откриј повеќе

Контактирајте го Одделот за медицински информации

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.

КонтактВо светотlinkedinfacebooktwitterinstagramyoutubeCovid-19ЛековиКариераНовостиПерсонализирана здравствена заштитаИзјава за заштита на приватностаПравна изјава