Состанокот секоја година привлекува повеќе од 25.000 хематолози од целиот свет од секоја супспецијалност, покривајќи широк спектар од хематологијата, каде се претставуваат нови пронајдоци од истражувања, откритија во патогенезата на хематолошките заболувања и нови лекови за пациентите. Стручните и научните презентации се селектирани од повеќе од 3000 пристигнати абстракти, претставувајќи ги последните обновени податоци од различни теми со висок интерес во хематологијата. Главна тема на овој состанок била генетиката, која што претставува револуција во полето на хематологија и онкологија.
Овие вести се само дел од значајните податоци од областа на хематолошките малигнитети презентирани на годишниот состанок на Американското здружение за хематологија во 2015 година.
Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.